fbpx

Поради зголемени барања за издавање лични документи, МНР со двосменско работење во неколку конзуларни претставништва

Во оваа прва група, според бројот на апликации, се почнува со двосменско работење во Берн, Бон, Берлин и Минхен

-

Поради зголемен прилив на барања за издавање на документи кои пристигаат во Дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи најави дека ќе воведе двосменско работење во неколку европски градови.

„Во оваа прва група, според бројот на апликации, почнуваме со двосменско работење во Берн, Бон, Берлин и Минхен. Како ќе се појават потреби така ќе пристапиме кон зголемување на капацитетите и на други ДКП“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција, додавајќи дека ова е првпат нашите конзуларни претставништва да работат во две смени сè со цел да се излезе во пресрет на граѓаните поради обврската да се променат личните документи до февруари 2024 година.

Тој рече дека поради обврската за промена на документите почнале да се создаваат огромни гужви, „што не било во ред за граѓаните кои имаат потреба од нивните документи“.

Како што најави министерот, се разгледува можноста за воведување на двосменско работење и во амбасадата во Лондон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...