fbpx

Земјите на Г20 не успеаја да договорат конкретни акции за намалување на стакленичките гасови

-

Земјите на Г20 не успеаја да договорат конкретни акции за намалување на опасните емисии на јаглерод, објавувајќи само изјава во која се оценуваат сегашните мерки за справување со климатските промени како недоволни.

По тридневни состаноци во јужниот индиски град Ченај, организаторите објавија документ кој покажува дека земјите, кои се одговрни за над 80 отсто од гасовите кои предизвикуваат глобално затоплување, остануваат поделени во врска со предизвикот да се намалат стакленичките гасови за 60% до 2035 година во однос на нивоата во 2019 година.

Министерската средба во Индија се сметаше за шанса најголемите светски загадувачи да преземат конкретни чекори пред состанокот на лидерите на Г20 во септември во Њу Делхи и Самитот COP28 во Обединетите Арапски Емирати во декември.

Развиените земји во групата побарале ублажување на емисиите на стакленички гасови за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови, а на барањата се спротивставиле земјите во развој кои сметаат дека целите ќе ја ограничат нивната способност да развиваат инфраструктура и да растат.

Неуспехот да се постигне договор доаѓа само една недела по несогласувањето на главните економии на Г20 за постепено укинување на фосилните горива по приговорите на некои земји-производители и  неколку дена откако научниците повторно алармираа дека климатските промени предизвикани од човекот одиграа огромна улога во екстремните топлотни бранови што ја зафатија Северна Америка, Европа и Кина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...