fbpx
Таг: Г20

таг: Г20

Асошиејтед Прес објави дека Лавров завршил в болница на Бали, за Москва ова е „врв на лагите“

Меѓународната новинска агенција Асошиејтед Прес, повикувајќи се на индонезиските власти, објави утрово дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров завршил в болница на индонезискиот остров Бали по пристигнувањето на самитот на Групата 20. Агенцијата нагласи дека тројца владини и медицински функционери од Индонезија потврдиле дека рускиот министер е на лекување на Бали, но Русија побрза тоа да го...

Самит на Г-20: Лидерите ветија акција за климатските промени, но преземаа мали обврски

Лидерите на групата Г-20, составена од дваесетте најголеми економии во светот, се согласија околу изјавата во која се повика на значајна и ефективна акција за ограничување на глобалното затоплување, но понудија недоволно конкретни заложби и ги разочараа климатските активисти, пишуваат светските новински агенции. Во коминикето, официјалната изјава објавена од лидерите на крајот од самитот кој се одржа во Рим, недостасува...

Отворено писмо: Земјите од Г20 итно да обезбедат 8 милијарди долари за борбата против КОВИД19

Итно да се доделат 8 милијарди долари за справување со новиот корона вирус во целиот свет, за да се спречи крах на здравствените системи, но и на економиите. Дополнително, за земјите со послаби здравствени системи и ранливо население, да се обезбедат уште 35 милијарди долари во блиска иднина, побараа речиси стотина поранешни претседатели, премиери, министри, нобеловци, професори, експерти и...

Казахстан предлага „исламски Г-20“

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев денеска излезе со иницијатива петнаесетте најразвени држави од Организацијата за исламска соработка да создадат форум за развој на науката и економијата налик на Г-20. Назарбаев предлогот го даде на самитот за наука и технологија на ОИС во Атана, јави ТАСС. – Сметам дека треба да создадеме форум, како Г-20, неофицијална група за развој на науката и на...

Трамп: Двапати го притиснав Путин за мешањето во нашите избори, тој негираше

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека дошло време да се почне конструктивна соработка со Русија, по неговиот состанок со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Хамбург. Трамп на својот твитер-профил напиша дека во Хамбург двапати извршил „силен притсок“ на Путин во однос на наводното руско мешање во минатогодишните американски претседателски избори, наведувајќи дека рускиот претседател „остро ги...

Путин денеска ќе се сретне со Макрон, Меркел, Ердоган и со Јункер

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Хамбург ќе има низа билатерални состаноци на маргините на самитот на Групата 20 индустриски развиени земји – Г20. Путин најпрво ќе разговара со претседателот на Франција, Емануел Макрон, и со германската канцеларка Ангела Меркел, а потоа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Русија и САД вчера постигнаа...

Меланија Трамп „заробена“ во вила во Хамбург поради демонстрациите против Г20

Првата дама на САД, Меланија Трамп, останала заробена во луксузната вила-хотел во Хамбург, поради насилните демонстрации против самитот на Г20, кој денеска почнува во северниот германски град. Меланија Трамп требало да учествува на настан за партнерите на лидерите што присуствуваат на самитот, а бил организиран од Јоаким Сауер, сопругот на германската канцеларка Ангела Меркел. Сепак, поради насилните протести, не било дозволено првата...

Трамп и Путин се поздравија, но подоцна ќе имаат тет-а-тет средба

Претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, денеска во Хамбург, на самитот Г20, првпат се сретнаа во живо и се ракуваа, соопшти Кремљ. - Тие се ракуваа и еден на друг си рекоа дека подоцна ќе се состанат одвоено – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Во Хамбург и понатаму траат протестите. Демонстрантите се собрале пред хотелот...

Хаос во Хамбург во пресрет на самитот на Г20

Во немирите што избија во Хамбург во пресрет на денешниот состанок на лидерите на 20 најразвиени земји во светот, повредени се 76 лица и голем број демонстранти, соопшти локалната полиција. Ниту еден полицаец не е потешко повреден, а засега не е познат точниот број на повредени демонстранти. Во протестите кои беа најавени како мирни, според процените на полицијата, учествувале 12.000 лица, а...

Путин и Трамп ќе се сретнат на 7 јули во Хамбург

Состанокот на рускиот претседател Владимир Путин и со неговиот американски колега, Доналд Трамп, е закажан за 7 јули, на маргините на самитот Г20, во германскиот град Хамбург, соопшти денеска претставник на Кремљ. - Договорена е средба за 7 јули – рече Јури Ушков, советник на рускиот претседател за надворешна политика. Претставници на Кремљ претходно рекоа дека нема планови за средба меѓу Путин...

Путин и Трамп ќе се сретнат следната недела на самитот на Г20

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп најверојатно ќе се сретнат следната недела, за време на самитот на Г20 во Хамбург. Ова го потврди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. - Претпоставуваме дека ќе се сретнат, со оглед на тоа дека двајцата претседатели ќе бидат во ист град во исто време, во иста зграда и во ист...

Меркел и Путин се сретнаа во Сочи

Германската канцеларка Ангела Меркел допатува во Сочи, на својата прва посета на Русија по две години, за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Темите за кои ќе разговараат се претстојниот самит Г20, но и ситуацијата во Украина, Сирија и во Либија, како и билатералните односи. Портапролот на германската влада, Штефeн Зајберт, претходно изјави дека Меркел и Путин ќе имаат две рунди...

Состанок меѓу Путин и Трамп е можен пред самитот Г20, информира Кремљ

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да се сретне со неговиот американски колега, Доналд Трамп, пред самитот Г20 во јули. Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, изјави дека телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп во саботата поминал добро, но дека тешко може да се говори за каков било договор во врска со санкциите. - За почеток мораме да одредиме...

Меркел и Ердоган вчера во Кина разговарале за имплементација на договорот со ЕУ

Првата средба меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по обидот за воен удар на 15 јули, мина во контруктивна атмосфера, информираа денеска од прес-службата на германската влада. Меркел и Ердоган се сретнале ноќеска, по европско време, на маргините на Г20-самитот во кинескиот град Хангџоу. Како што информираше портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт, Меркел и Ердоган...

Лавров: Можен состанок за Украина на маргините на самитот на Г20

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров соопшти дека на маргините на дводневниот самитот Групата 20 најразвиени држави и држави со забрзан развој (Г20) во кинескиот град Хангжу, можно е лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија да имаат состанок посветен на мировниот процес во Украина. Рускиот министер соопшти дека иницијативата за средбата дошла од Киев и додаде дека Москва е...

Путин прв замина од Австралија за да се наспие

Претседателот на Русија, Владимир Путин, утринава замина од Австралија, веднаш по завршувањето на самитот Г20 на кој беше изложен на остри критики од Западот. Путин навел дека заминал порано од планираното бидејќи му било потребно да се наспие. Рускиот лидер отпатува за Москва пред објавувањето на завршното соопштените од самитот на 20 најголеми светски економии, но присуствуваше на завршниот ручек...

Абот: На светот му се потребни два билиони долари за БДП

Премиерот на Австралија, Тони Абот, е уверен дека лидерите на Г20 ќе го исполнат ветувањето за издавање дополнителни 2.000 милијарди (2 билиони) долари за глобалниот домашен бруто-производ (БДП). Според Абот, тоа ќе овозможи слободна трговија и зголемување на инвестициите во инфраструктурата. Абот, кој е домаќин на дводневниот самит Г20 најразвиени земји во светот, рече дека би требало во следните пет години...

Тензични односи на почетокот на Г20 во Австралија

Дводневниот самит Г20 на економски најсилните земји во светот, минува во знакот на дипломатска војна меѓу Русија и Западот поради кризата во Украина. Неколку западни земји синоќа ја критикуваа Русија, а најгласен во тоа беше американскиот претседател Барак Обама, кој изјави дека САД се противат на „Руската агресија во Украина, бидејќи тоа претставува закана за целиот свет“. Домаќинот на самитот, австралискиот...

Демерџиев: Не дојдовме овде да правиме провокации, туку да му оддадеме почит на Гоце Делчев

Денеска, овие мерки за сигурност се неопходни, а сигурноста значи, сите што сакаат да искажат почит за Гоце Делчев, тоа слободно да дојдат да го сторат, изјави пред малку...