fbpx

Асошиејтед Прес објави дека Лавров завршил в болница на Бали, за Москва ова е „врв на лагите“

-

Меѓународната новинска агенција Асошиејтед Прес, повикувајќи се на индонезиските власти, објави утрово дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров завршил в болница на индонезискиот остров Бали по пристигнувањето на самитот на Групата 20. Агенцијата нагласи дека тројца владини и медицински функционери од Индонезија потврдиле дека рускиот министер е на лекување на Бали, но Русија побрза тоа да го оквалификува како лажна вест.

Асошиејтед Прес (АП) нагласи дека добиле потврда од три официјални лица, кои не сакале да бидат идентификувани јавно оти немале овластувања да зборуваат за оваа тема. Притоа, двајца од изворите рекле дека Лавров е на лекување поради проблем со срцето и е однесен во болницата „Сангласх“ во Денпасар, главниот град на провинцијата Бали.

Болницата на прашањето од АП не ја потврдила информацијата, а агенцијата не можела да исконтактира претставници на руската амбасада.

Но, Русија побрза информацијата да ја оквалификува како лажна вест. Како што извести „Ројтерс“, Министерството за надворешни работи на Русија извештајот за хоспитализацијата на Лавров го оквалификува како „врв на лагите“.

„Ова, се разбира, е врв на лагите. Сергеј Виктрович [Лавров] и јас ги читаме агенциските вести и не можеме да им поверуваме на очите“, рекла портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, пренесува Ројтерс.

До објавата на оваа вест на веб-страницата на руското МНР (и на верзиите и на руски и на англиски јазик) немаше официјално објавен демант на написот на АП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...