Грковска: Етичкиот кодекс го прекршиле Груби, Османи, Тупанчевски, Џемаили и Димовски

На прашањето на Мета.мк, што ако се случи некој функционер и покрај опомената и понатаму да го прекршува кодексот, Грковска вели дека во таков случај крајната одлука ја носи премиерот

-

Артан Груби, Методија Димовски, Никола Тупанчевски, Хисни Џемаили и Бујар Османи, добиле опомени за непочитување на Kодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од Владата. Ова го кажа на денешниот брифинг со новинарите вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

„Без оглед на сè и без оглед на тоа за кого станува збор, ние одлучуваме врз основа на аргумени. Не нè засега за што и за кого се работи, туку дали функционерите го прекршиле кодексот или не. Можам да кажам дека има промена во одннесувањето. Наши препораки се секоја институција да си има лице задолжено за кодексот“, рече таа.

На прашањето на Мета, што ако се случи некој функционер и покрај опомената и понатаму да го прекршува кодексот, во таков случај крајната одлука ја носи премиерот.

„Ако има прекршувања и понатаму од иста личност, го информираме за тоа премиерот, кој може да изрече некои од мерките. На пример, може да изрече јавна опомена, а може да побара и разрешување“, рече Грковска.

Таа не одговори на прашањето дали имала притисоци од функционери во врска со изрекувањето опомени.

Вицепремиерката неодмна го предупреди вицепремиерот Артан Груби да не ги злоупотребува канцелариите на Министерството за политички систем за партиски цели и активности. Со оглед на тоа дека се работи за прекршување на етички кодекс, функционерите кои ќе го прекршат може да добијат само опомена.

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако...

Стапување во брак прерано и развод на млади години: Приказната на 20 годишната девојка од Скопје во екот на зголемувањето на бројот на разводи...

Прераното стапување во брак и го смени животот на 20 годишната М. Садриу од Скопје, која се откажа од студиите поради љубов, но заврши сама, без надеж и разведена по само...

Македонската Еспорт Федерација стана европски шампиот во Дота 2

Македонија и Македонската Еспорт Федерација вчера испиша историја освојувајќи го првото место на Европското првенство во Dota 2, во рамки на European Esports Championship 2025, што се одржа во Приштина. Нашиот национален тим...

Новинарот Гоше Николов ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за 2024 година

Новинарот Гоше Николов е добитник на наградата „Гласник на невидливите“ за минатата година, за текстот објавен на Мета со наслов „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со...

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од...