fbpx

Османи: Климатските промени се закануваат на стабилноста на нашите опшества

Војните и конфликтите, руската воена агресија против Украина, дополнително ги влошуваат веќе сложените еколошки околности, рече Османи во воведното обраќање на првата ОБСЕ Конференција за климатски промени во Виена

-

Климатските промени не само што создаваат видлива штета врз животната средина, туку нивното сè повидливо влијание се заканува и на стабилноста на нашите општества преку менување на севкупните услови за живот. Војните и конфликтите, руската воена агресија против Украина, дополнително ги влошуваат веќе сложените еколошки околности.

Ова го истакна претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во воведното обраќање на првата ОБСЕ конференција за климатски промени што се одржува денеска во Виена.

Тој рече дека климатските промени и последиците од нив се фактори што влијаат на зголемување на несигурноста и во крајна линија директно се поврзани со безбедноста во поширокиот регион на ОБСЕ.

Потврда дека и во овие тешки времиња ОБСЕ посветено работи на ублажување на негативните ефекти од климатските промени, вели Османи, е и назначувањето на специјален претставник за климатски промени во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.

„Уверен сум дека заедно можеме да успееме во вклучувањето на климатските активности во нашата секојдневна работа преку поттикнување на декарбонизација на нашите економии и градење поотпорни и климатски приспособливи општества“, рече Османи.

Тој додаде дека ОБСЕ ќе ги стави на располагање своите капацитети за помош на земјите-учеснички за спроведување на иницијативи и проекти, како и за спречување на поврзаните ризици по безбедноста и животната средина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборна единица 3 на претстојните избори Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот...