fbpx

Во Франција усвоен закон кој би ѝ овозможил на полицијата да „шпионира“ телефони

Со новиот закон полицијата ќе може да активира снимање на телефоните и да има пристап до геолокацијата на уредите на лица кои се осомничени за дело кое е казниво со најмалку 5 години затвор

-

Во Франција се изгласа нов закон, со кој полицијата ќе може да шпионира осомничени лица со тоа што ќе може да ги активира камерата и микрофонот на нивните уреди, како и да има пристап до нивната ГПС локација, известува Ле монд.

Сите горенаведени мерки се дел од пообемен закон во насока на „реформирање на правда“, кој што француското собрание го изгласа на 5-ти јули.

Законската одредба наведува дека таа би важела само со одобрение од судија и би важела само за лица кои се осомничени за дела кои се казниви со над пет години затвор. Откако би било овластено „шпионирањето“ за одредено лице, полицијата би имала пристап до неговиот лаптоп, телефон, автомобил и други поврзани уреди. Лица во осетливи професии како лекари, новинари, адвокати, судии и пратеници не би можело да се таргетираат.

Усвоената реформа беше критикувана како авторитарна. Групата за заштита на дигитални права La Quadrature du Net уште во мај изјави декa одредбата отвора сериозни прашања за прекршување на основните човекови слободи. Се повикуваат на правата на безбедност, приватен живот и приватна кореспонденција. Тие предупредија дека законот може да доведе до сѐ построга безбедност и надзор над граѓаните.

Министерот за правда Ерик Дупон-Морети тврди дека реформата би влијаела само на десетици случаи годишно.

„Далеку сме од „1984““, додаде министерот, повикувајќи се на познатиот роман од Џорџ Орвел, синоним за ситуација со прекумерна контрола и надзор од владата.

Законот се изгласа за време на сè уште актуелните немири во Франција, на кои полицијата уапси многу лица, вклучително и малолетници.

Просечната возраст на уапсените при протестите во Франција е 17 години

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...