fbpx

Злоупотребенa фотографија: Претседателката на ДКСК е сликана со сопругот, а не со синот на Џафери

Откако Антикорупциската комисија го затвори предметот за Џафери, на социјалните мрежи почнаа да кружат невистинити тврдења

-

Од медиумски објави поврзани со приватниот дел од животот на Ивановска, очигледно е дека човекот со кој е сликана на фотографијата прикажана во постот е нејзиниот сопруг, а не синот на претседателот на Собранието. Исто така, од Антикорупциската комисија излегоа со демант на тврдењата објавени на социјалните мрежи пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

На социјалната мрежа Фејсбук се споделува фотографија од претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска и се тврди дека на неа се наоѓаат таа и синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Ова не е вистина.

Се работи за злоупотреба на приватна фотографија на претседателката на ДКСК, а човекот на фотографијата не е синот на Џафери, туку сопругот на Ивановска.

Објавата којашто е предмет на оваа рецензија, всушност, споделува принтскрин од Твитер објава од пред неколку месеци, односно од февруари годинава. Таму е споделена лична фотографија на Ивановска на која што се гледа како таа заедно со уште еден човек се наоѓаат најверојатно на некаков брод или чамец и двајцата се во костими за капење. Она што е неточно е тврдењето дека на фотографијата е синот на собранискиот спикер Џафери.

Од медиумски објави поврзани со приватниот дел од животот на Ивановска, може да се дека човекот со кој е сликана на фотографијата што се споделува во постот е нејзиниот сопруг. Тука може да се видат неколку приватни фотографии од семејството на Ивановска, а на дел од нив е и нејзиниот сопруг којшто, всушност, е истото лице од Твитер објавата.

Впрочем, синот на Талат Џафери претседателот на Собранието, Барлет Џафери, физички воопшто не наликува на човекот на фотографијата.

Од Антикорупциската комисија излегоа со демант на тврдењата објавени на социјалните мрежи.

Согласно природата на дејствување, Комисијата постапува по предмети од областа на корупцијата и судирот на интереси, области кои се поврзани со високи јавни функции. Тоа е често и причина да се преземаат јавни дејствија за дефокусирање на јавноста од одредени отворени предмети или теми, за да се искриви реалната слика и да се наруши интегритетот и кредибилитетот на одредени членови на Комисијата. На тоа сме сведоци и во моментот. Во интерес на вистината ја информираме јавноста дека приватниот профил на социјалната мрежа Facebook на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска е злоупотребен. Одредени лица за нив познати цели злоупотребуваат семејни фотографии на Ивановска и со фотомонтажа се обидуваат да создадат невистинита слика во јавноста. Против нив Ивановска ќе поведе приватна постапка, имајќи предвид дека се работи за приватен профил, велат од ДКСК.

Каква поврзаност имаат ДКСК и Барлет Џафери?

ДКСК пред неколку месеци утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако сè уште не бил дипломиран, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа. Воочиле дека во февруари 2015 година Џафери го положил правосудниот испит, а во јули истата година се стекнал со 300 кредити, односно завршил магистерски студии.

Точно е дека ја запревме постапката за конкретниот случај отворен за Барлет Џафери ние утврдивме тоа што утврдивме,  обелоденивме во јавноста дека неговиот правосуден испит му е дозволено да го полага пред да ги има добиено тие 300 кредити, односно пред да има магистрирано, значи тука е проблемот. Да, имало злоупотреби во случајот, меѓутоа сето тоа се случува пред 8 години и случајот се третира како веќе застарен и нема против кого да поднесеме било што, изјави Ивановска во телевизиско интервју во февруари годинава.

Откако Антикорупциската комисија го затвори предметот за Џафери, на социјалните мрежи почнаа да кружат невистинити тврдења, каква што, впрочем, е и објавата што ја рецензираме.

Од сите наведени факти заклучуваме оти е невистинито тврдењето дека Ивановска и синот на Талат Џафери се наоѓаат заедно на иста фотографија во костими за капење.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...