Хелсиншки комитет со иницијатива до Уставен за законските измени поврзани со „Бехтел и Енка“

Хелсиншкиот комитет смета дека со законските измени се доведуваат до нееднаков третман работниците од исти и од различни гранки, а отсуството на законска рамка која ќе го регулира прогласувањето на одредени проекти од „национално или стратешко значење“ доведува до правна несигурност и широко поле за злоупотреби

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права доставил иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (ЗРО), поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д.

Според Хелсиншки, ваквото законско решение претставува повреда на Уставот и овозможува целосно заобиколување на процедурите за носење на закони.

„Издигнувањето на одлуките на извршната власт на ниво на закон значи мешање на извршната во улогата на законодавната власт. Со користење на поимот национален стратешки интерес (без негово подетално дефинирање), како основ за утврдување на паралелни правила кои ќе важат само во одредени случаи, се овозможува постоење на напоредни законски решенија за работните односи, чија примена ќе зависи од проценката на одредени структури што не се јасно утврдени. Резултат на тоа е правна несигурност и нееднаквост на граѓаните пред Уставот и законите“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Оттаму тврдат дека законските измени претставуваат експлоататорски решенија што ги уназадуваат работните односи во државата и ја оддалечуваат од тенденциите на Европската Унија и меѓународните конвенции.

Со предложените измени, според комитетот, драстично се ограничува и оневозможува остварувањето на работничките права.

„Станува збор за намалување на траењето на дневниот и неделниот одмор во стратешки проекти, но имајќи го предвид актуелниот повод за измените во законот, се работи за градежништвото, каде работата се извршува на отворено, во секакви временски услови и бара исклучителни физички напори. Воедно се работи за извршување работи и работни задачи каде што има највисок степен на ризик по безбедноста и здравјето при работа поради изложување на штетни материи и изложување на опасни активности за кои се потребни посебна психофизичка подготвеност и луцидност во извршувањето. Тоа е класична експлоатација на работната сила, која излегува од рамките на хуманизмот и хуманиот третман на човекот и граѓанинот што подразбира вреднување на човечкото суштество и човековата состојба“, се вели во соопштението.

Хелсиншкиот комитет смета дека со законските измени се доведуваат до нееднаков третман работниците од исти и од различни гранки, а отсуството на законска рамка која ќе го регулира прогласувањето на одредени проекти од „национално или стратешко значење“ доведува до правна несигурност и широко поле за злоупотреби.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...