fbpx

Oсмани се сретна со кралот Чарлс Трети во Лондон

Министерот изразил голема благодарност до кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Северна Македонија ги градат во изминатите три декади соработка

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера во Лондон присуствуваше на приемот за шефовите на делегации во палатата Сент Џејмс каде што присуствуваше и Кралот Чарлс Трети.

Министерот изразил голема благодарност до кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Северна Македонија ги градат во изминатите три декади соработка.

„Оваа година одбележуваме јубилеј – три декади од воспоставување на нашите дипломатски односи. Ќе продолжиме и во иднина овие односи да ги градиме во духот на меѓусебното пријателство и силно партнерство“, напиша Османи по средбата со кралот Чарлс Трети.

Османи и Чарлс Трети се осврнаа и на неговата историска посета на земјава во 1998 година.

Министерот за надворешни работи денеска во Лондон учествува на конференцијата за закрепнување на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...