fbpx

Ковачевски верува во пратениците за уставните измени, предлогот уште не поминал на влада

Во однос на рокот до кога СДСМ ќе ја чека опозициската партија во делот на уставните измени, Ковачевски рече дека роковите се пропишани согласно со закон

-

Премиерот Димитар Ковачевски верува дека меѓу 120 пратеници од Собранието на РСМ има мнозинство кое е за европската интеграција на државата и се надева оти ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став за уставните измени искажан на лидерската средба што се случи пред две недели.

„Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став, јавно искажан од нивниот претседател Христијан Мицкоски на прес-конференцијата и дека тоа што го кажа дека за нив е прифатливо, а тоа е воведување на други народи во Преамбулата на Уставот, дека е прифатливо да биде дел од владата којашто ќе ги спроведе уставните амандмани, дека е прифатливо да бидат дел од влада која ќе го заврши скрининг процесот, која ќе отвори неколку од поглавјата и ќе затвори две поглавја до изборите“, изјави премиерот Ковачевски.

Во однос на рокот до кога СДСМ ќе ја чека опозициската партија во делот на уставните измени, Ковачевски рече дека роковите се пропишани согласно со закон.

„Предлогот е доставен до Влада од страна на Министерството за правда, тој се наоѓа на техничка работа во службите и подоцна ќе биде доставен до Собранието, до уставната Комисија која ја води претседателот на Собранието и согласно со законските рокови и се разбира согласно со политичката волја во Собранието така ќе биде организирана работата во однос на носењето на амандманите. Што побрзо тоа се заврши тоа е подобро за државата“, изјави Ковачевски.

Сепак, премиерот Ковачевски денеска не даде прецизна информација кога уставните измени ќе поминат на владина седница и ќе се испратат до пратениците во Собранието на РСМ. Ковачевски рече дека динамиката зависи од законските рокови и од политичката волја во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...