Норвешка не забранила промена на полот кај малолетниците

Земјата не ги променила своите упатства за грижата за малолетниците што го менуваат полот, кои во моментов вклучуваат нехируршки третмани, но има препораки да се избегнува операција за лица под 18 години во повеќето случаи

-

Норвешка не ги променила своите упатства за грижата за малолетниците што го менуваат полот, кои во моментов вклучуваат нехируршки третмани, но има препораки да се избегнува операција за лица под 18 години во повеќето случаи. Независниот норвешки одбор за здравствена заштита, којшто не е поврзан со владата, неодамна предложи зголемени ограничувања за таквата грижа – иако не директна забрана, но нема овластување да ги воведе промените. Норвешката здравствена агенција ги разгледува препораките, но потврди дека ништо не е забрането, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук тврди дека Норвешка забранува промена на полот кај малолетни лица. Ваквото тврдење е неточно.

Почнаа да се освестуваат !?

Норвешка забранува промена на полот кај малолетни и им се придружува на Шведска, Финска и Англија во отфрлањето на родната идеологија, стои во објавата што ја анализираме.

Постот споделува напис од објавен од веб-страницата Сотт.нет која e позната по споделување на  дезинформации. Сотт, увидувајќи дека направил грешка, го променил насловот на својот напис од „Норвешка ги забранува промените на полот кај децата, им се придружува на Финска, Шведска и Велика Британија во отфрлањето на родовата идеологија“ во „Норвешка советува да не се менува полот кај децата, им се придружува на Финска, Шведска и Велика Британија во отфрлањето на родовата идеологија“

Но, и покрај ваквата промена, постот што го анализираме продолжува да ја шири дезинформацијата дека Норвешка забранува промена на полот кај малолетни деца.

За што, всушност, станува збор? Норвешката дирекција за здравство, владино тело кое развива здравствени упатства во земјата, нема воведено никакви забрани поврзани со грижата за малолетниците што сакаат да го сменат полот, потврдил портпаролот на дирекцијата Томас Берг, пишува Асошиејтед прес.

Сегашните упатства велат дека малолетниците со родова дисфорија треба да подлежат на интердисциплинарна проценка од тим од здравствени специјалисти и оттаму може да добијат третман за одложување на пубертетот откако ќе започне пубертетот и терапија со естроген или андроген не порано од 16-годишна возраст. Упатствата велат дека хируршкиот третманот генерално „не е применлив“ за малолетници под 18 години, но операцијата на градниот кош може да биде соодветна во посебни случаи, врз основа на сеопфатна проценка и родителска согласност.

Независна организација, Норвешкиот здравствен истражен одбор, објави извештај во март во кој препорача зголемени регулативи за таквата грижа. Извештајот не предложи директна забрана за каков било третман, а одборот нема овластување да донесе ниту еден од неговите предлози.

Не е точно дека предлозите или имплементацијата на предложените барања ќе претставуваат забрана. Напротив, нашиот извештај ја нагласува потребата да се обезбеди безбедна помош и да се обезбедат третманите дадени во Норвешка, изјавил д-р Стин Марит Моен, медицинскиот директор на одборот, за АП.

Една од препораките на одборот е лекувањето на малолетниците, вклучително и хормони, блокатори на пубертетот и хирургија, да се прогласи за „истражувачки“ или „експериментално“, за што локалните групи кои ја застапуваат ЛГБТ+ заедницата велат дека ќе им отежне на младите да пристапат до нега.

Кристин Мари Џентофт, советник за родова различност во Норвешката организација за сексуална и родова различност, исто така позната како ФРИ, објасни дека тоа би значело дека овие третмани ќе треба да се поврзат со истражување или студија и ќе ги оневозможат приватните и општинските даватели на здравствени услуги да обезбедат таква грижа.

Во овој случај децата ќе треба да добијат индивидуална проценка, а третманот ќе треба да биде поврзан со истражување, изјави за АП Бјарте Еспеланд Хорпестад, член на ЛГБТ+ мрежата на Норвешката либерална партија.

Норвешката дирекција за здравство соопшти дека размислува дали ќе ги следи препораките на одборот, објавија норвешките медиуми.

Од сето ова може да се заклучи дека Норвешка не ја забранила промената на полот на малолетниците. Земјата не ги променила своите упатства за грижата за малолетниците што го менуваат полот, кои во моментов вклучуваат нехируршки третмани, но има препораки да се избегнува операција за лица под 18 години во повеќето случаи. Независниот норвешки одбор за здравствена заштита, којшто не е поврзан со владата, неодамна предложи зголемени ограничувања за таквата грижа – иако не директна забрана, но нема овластување да ги воведе промените. Норвешката здравствена агенција ги разгледува препораките, но потврди дека ништо не е забрането.

Според тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел и фокусирање кон политичко решение

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел за употреба во Газа, што предизвика критики од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишува Би-Би-Си. Макрон за...