fbpx

Османи-Нарбаева: Улогата на жените во општеството и нивната безбедност ни е приоритет

Покрај средбите со државниот врв, на агендата на претседавачот се средби и со претставници на граѓанското општество, а Османи ќе ја посети и Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан, информираат во МНР

-

Зајакнувањето на улогата на жените во општеството и зголемувањето на нивната безбедност била тема на разговор во Ташкент, меѓу претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи и претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева.

„Улогата на жените е воедно и еден од главните приоритети на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“, информираат во Министерството за надворешни работи.

На средбата Османи кажал дека канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан, заедно со Секретаријатот соработува со сите владини институции за спроведување на Националната стратегија за постигнување на родова еднаквост до 2030 година.

„За поздравување е и одобрувањето на Националниот акциски план за жени, мир и безбедност“, истакнал Османи на средбата со Нарбаева.

Во МНР најавуваат дека во рамки на посетата на Узбекистан, Османи во Ташкент ќе се сретне и со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, а со министерот за надворешни работи, Бахтијор Саидов ќе имаат заедничка прес-конференција.

Покрај средбите со државниот врв, на агендата на претседавачот се средби и со претставници на граѓанското општество, а Османи ќе ја посети и Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...