fbpx

Северна Македонија од денеска претседава и со Процесот на соработка во Југоисточна Европа

Преземањето на претседавањето со ПСЈИЕ од страна на земјава, паралелно со претседавањето со ОБСЕ и со САД Јадранската повелба претставува голема чест, но и одговорност, рече Османи

-

Од денеска Република Северна Македонија го презема претседавањето со Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) кој од основањето во 1996 година претставува единствен форум што ги вклучува сите 13 земји од југоистокот на Европа – меѓу кои најголемиот дел се членки на НАТО, членки или кандидати за ЕУ, но и членки на ОБСЕ.

За ова денеска информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој рече дека преземањето на претседавањето со ПСЈИЕ од страна на земјава, паралелно со претседавањето со ОБСЕ и со САД Јадранската повелба претставува голема чест, но и одговорност.

“Регионот во моментот се соочува со три исклучително важни, одвоени, а истовремено испреплетени процеси: потребата од неодложива интеграција во ЕУ, не подоцна од 2030 година, комплексната геополитичка слика на Европскиот континент поврзана со руската воена агресија во Украина и нерешените билатерални спорови. Сите три елементи директно влијаат врз динамиката на севкупните движења во регионот” рече Османи, нагласувајќи дека поради својата сеопфатност, ПСЈИЕ претставува одлична платформа за политички дијалог, каде регионалните прашања може да бидат адресирани на највисоко ниво, а со тоа отвори патот за што поскора европска и евро-атлантска интеграција на регионот на Југоисточна Европа.

Министерот за надворешни работи го претстави слоганот на претседавањето, кој гласи „Премостувајќи поделби, градејќи доверба“.

Османи рече дека приоритетите ќе бидат фокусирани кон помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евро-атлантските интеграции, но и на зајакнувањето на демократијата, фундаменталните права и вредности, владеењето на правото, борбата против корупцијата, безбедноста и климатските промени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...