Договорот со Бугарија не може да биде пречка на патот кон ЕУ – Османи со сликовито објаснување на преговарачката рамка

Во ниту еден од патоказите, одредниците или скалилата нема прашања од овој договор или од Историската комисија, вели во видеото министерот Османи

-

„Преговарачката рамка се состои од два дела – општ и специјален“.

Вака го започнува своето објаснување на преговарачката рамка со Европската Унија (ЕУ) министерот за надворешни работи Бујар Османи. Застанат пред табла, со креда и сунѓер во раката, Османи во видеото што го објави на своите социјални мрежи вели дека со сликовитото објаснување сака да ги демантира сите шпекулации во однос на содржината на рамката.

Цртајќи на зелената табла, министерот за надворешни работи објаснува дека во Општиот дел се наоѓаат општите одредници од преговарачката рамка, за коишто нема писмен извештај од страна на Европската комисија и за кои нема да има гласање од земјите – членки на ЕУ.

Додека во Специјалниот дел, се 35-те поглавја, вели Османи, цртајќи скалила.

„Тоа се скалилата низ коишто задолжително треба да помине државата низ пристапниот процес за да стане членка на ЕУ. Овие скалила се всушност 35-те поглавја. За секое отворање и затворање на поглавје, треба да се исполнат одредени услови кои се нарекуваат одредници. За тие одредници има писмен извештај од Европската комисија и има гласање од страна на земјите – членки“, зборува Османи, додавајќи дека нова пречка во патот може да има само во овие одредници од специјалниот дел.

Одредниците се содржани во трите патокази што ќе бидат подготвени после скринингот и што треба да ги усвои ЕУ. Токму во еден од овие патокази се наоѓа Акцискиот план за малцинства.

„Само ова прашање, ако можеме да кажеме дека е дел од односите со Бугарија, е одредница за којашто ќе има писмен извештај и гласање, и евентуално може да биде некоја пречка. Акцискиот план за малцинства не се однесува за некое специфично малцинство, туку генерално за сите малцинства – етнички и неетнички“, вели Османи во видеото.

Договорот со Бугарија и прегледите од членот 12 се наоѓаат во Општиот дел, објаснува министерот за надворешни работи. Во ниту еден од патоказите, одредниците или скалилата нема прашања од овој договор или од Историската комисија.

„Тие се наоѓаат во општиот дел за којшто нема писмен извештај и нема гласање и оттука не може да бидат пречка во патот на државата во ЕУ. Што не значи дека ние нема да го имплементираме договорот и одредбите од членот 12, бидејќи тие се потпишани, преземени се обврски. Меѓутоа, на ниту еден начин за нив ќе нема писмен извештај, ниту ќе има гласање, ниту ќе можат да бидат основа за нова пречка на нашиот пат“, појаснува Османи во видеото.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...