На видео на социјалните мрежи не се претставени увезени работници од Индија на македонски градилишта

На видеоматеријалот презентиран во постот што го рецензираме, не се наоѓаат работници од Индија на македонски градилишта, како што тоа невистинито се тврди

-

Ниедна од локациите во видеото не е во Македонија, а видеото може да се пронајде на повеќе профили на социјалните мрежи со описи на различни јазици уште од  2020  година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува видео материјал и се вели:

Увезените работници од Индија започнаа со работа на неколку градилишта во Македонија.

На видеоматеријалот се гледаат физички пресметки меѓу работници на простори каде се гради, односно тој претставува компилација од снимки каде на различни локации доаѓа до тензии и физички пресметки меѓу вработени на градилишта облечени во работничка униформа. Ниедна од локациите во видеото не е во Македонија, а видеото може да се пронајде на повеќе профили на социјалните мрежи со описи на различни јазици уште од 2020 година.

На крајот од видеото во конкретниот пост кој го рецензираме, има и политичка порака „Резултати што прават разлика СДСМ“, но тој дел е монтиран и не претставува видеоматеријал продуциран од СДСМ. Тоа може да се види од видеокомпилацијата споделувана во 2020 година на странски Фејсбук профили,  којашто е од постар датум споредено со постот што го рецензираме и на неа нема испишано никаков текст.

Наративот за работници од Индија во С. Македонија е инспириран од неколку јавни изјави кои беа давани во македонските медиуми на 28 мај од страна на претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров. Според изјавите на Димитров, работници од Индија пристигнале и работат на фарма и во млекара во Свети Николе. Димитров тогаш кажа дека сопствениците на бизнисите каде работат работниците од Индија се задоволни од нивната работа, дека станува збор за ниско квалификувана работна сила и дека работниците имаат обезбедено сместување, плата, храна, здравствени прегледи и визи.

Пополека почнуваат да се примаат работници од странство. Има неколку во земјоделието, кај нас има во млечната индустрија од Индија, во градежништвото одамна има работници од Турција и Далечниот Исток. Така што мислам дека овој процес во иднина ќе биде многу јак, зашто се појавуваат многу основани агенции кои сакаат со тоа да се занимаваат и тоа да им биде бизнис, изјавил Димитров за МИА на 28 мај годинава.

На 6 февруари 2023 година, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи има изјавено дека во земјава веќе има работници од Индија во автоиндустријата и во секторот за информатички технологии.

Меѓутоа, присуството на работници од Индија од различни сектори во земјава, уште не е масовна појава. На видеоматеријалот презентиран во постот што го рецензираме, не се наоѓаат работници од Индија на македонски градилишта, како што тоа невистинито се тврди.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...