fbpx
Таг: Бујар Османи

таг: Бујар Османи

Османи: ДУИ го осудува обидот политичката криза да се префрли на меѓуетничка основа

ДУИ го осудува обидот, моменталната политичката криза да се префрли на меѓуетничка основа, изјави за „СДК“, портпаролот на партијата Бујар Османи, откако претседателот Ѓорге Иванов денеска не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да формира влада. - ДУИ го осудува обидот заедничката декларација на албанските партии во Македонија да се оквалификува како платформа на туѓа држава. Ова, како...

Централниот одбор на СДСМ заврши, партијата одлучи мандатар да биде Заев

Состанокот на централниот одбор на СДСМ заврши и по два часа заседавање, раководството одлучи мандатар за состав на новата влада да биде лидерот на партијата Зоран Заев. Никој од СДСМ не даде изјави по завршувањето на состанокот, само накратко изјавија дека ќе има соопштение од состанокот. Синоќа, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи информираше дека партијата ќе му ги даде потписите на СДСМ за состав...

Централниот одбор на СДСМ почна да заседава, се очекува избор на Заев за мандатар

Централниот одбор на СДСМ почна да заседава во седиштето на партијата, каде што се очекува членството на партијата да го избере претседателот Зоран Заев за мандатар за состав на новата влада. Неофицијално, на состанокот ќе се разгледува единствено оваа точка. Синоќа, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, информираше дека партијата ќе му ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но дека тие потписи...

ДУИ ги дава потписите на СДСМ, за коалиција ќе размисли

ДУИ ќе му ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но тие потписи не значат дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ. Ова вечерва го изјави портпаролот  на партијата, Бујар Османи, за време на состанокот на централното претседателство на ДУИ, кој сè уште трае. Османи рече дека централното претседателство ја продолжува дебатата, но потписите биле дадени за да...

В понеделник ДУИ ќе реши дали ќе влезе во владата или ќе поддржи малцинска влада

Централното претседателство на ДУИ денеска дебатира помеѓу две опции, едната е за учество во новата влада, а другата за поддршка на малцинска влада, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Тој додаде дека најважната пречка - законот за употреба на јазиците - е надмината и тоа е став кој е усогласен помеѓу ДУИ и СДСМ. На новинарско прашање што се подразбира под...

Османи: ДУИ вечерва нема да донесе одлука дали ќе му ги даде потписите на СДСМ

Оваа дебата што се одвива на централното претседателство ќе биде маратонска, ќе трае доцна во ноќта и нема да се донесе никаква одлука во однос на тоа дали ќе му се дадат потписите на СДСМ за состав на нова влада или не, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, за време на заседанието на централното претседателство на партијата во Мала...

Османи: Официјалната употреба на албанскиот јазик е услов без кој не може да се преговара

Во седиштето на ДУИ во Мала Речица, доцна попладнево почна средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и потпретседателите на партијата. На средбата на која учествува и дел од тесното претседателство, според портпаролот Бујар Османи, се разговара за тековни прашања за добивање на мандатот за составот на нова влада, одлуката што треба да ја донесе централното претседателство на партијата. Ова највисоко...

ТМРО бара ВМРО- ДПМНЕ да се произнесе за тврдењата на ДУИ за прифатената двојазичност

Лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански, денеска негираше дека Коалицијата за подобра Македонија ја прифатила двојазичноста која е предвидена во платформата на албанските партии. „Јавно дадените изјави на Али Ахмети и на Бујар Османи, дека Коалицијата за подобра Македонија ја прифатила платформата на албанските партии за редефинирање на државата со воведување двојазичност на цела територија е апсолутна невистина, а она што...

Османи: Нема аргументи за да се донесе одлука, остануваат отворени сите опции

Нема доволно аргументи за да се одлучиме за една од петте опции кои беа предмет на дебата во партијата и затоа ни е потребно уште време за да ја донесеме одлуката, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи од седиштето на партијата во Мала Речица, каде вечерва заседава централното претседателство на партијата за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. - ДУИ денеска не донесе...

Османи: Ги демантирам сите шпекулации за договор за коалиција со која било партија

Ги демантирам сите шпекулации што излегоа по медиумите за наводен договор помеѓу ДУИ и некоја партија за нов владин состав, тоа се чисти шпекулации, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој накратко излезе од состанокот на партиското раководство во Мала Речица за да ги демантира информациите што се појавија по медиумите, a се однесуваат за наводна коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тој истакна...

Централното претседателство на ДУИ денеска ќе донесе одлука

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав се собра во седиштето на партијата во Мала Речица и расправа по конкретни предлози за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада. Средбата почна околу 14 часот и пред нејзиниот почеток никој не даде изјава за текот на разговорите. Но, високи партиски извори на ДИУ брифираа дека „денеска без разлика на што...

Ахмети: Немам одговор со кого ќе бидеме во коалиција, ги анализираме сите опции

Немам одговор со кого ќе бидеме во коалиција, ги анализираме сите опции за да ја донесеме најдобрата одлука во корист на Албанците и за сите граѓани на Македонија без разлика дали се Албанци или Македонци, Срби или Роми, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на средбата на членовите на партијата во седиштето во Мала Речица. Конечна одлука за коалицирање...

Арифи, Бејта и Меџити заминале, но ДУИ сè уште заседава во Мала Речица

Тројцата потпретседатели на ДУИ, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити заминале, но другите членови на партијата сè уште се на средба во Мала Речица каде што централното претседателство на ДУИ во проширен состав решава за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада. Раководството на ДУИ ги негира шпекулациите дека потпретседателите на партијата го напуштиле состанокот поради несогласувања со...

Османи: За ДУИ е важна платформата, а не судбината на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ

„За ДУИ е важна платформата на Албанците и важен е начинот како тој договор ќе го реализираме. Во текот на денот од дебатата ќе поминеме на поконкретни предлози“, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, пред седиштето ДУИ во Мала Речица каде што централното претседателство на ДУИ во проширен состав решава за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада. -...

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав заседава во Мала Речица

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав се собра денеска во седиштето на партијата во Мала Речица, за да решава за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада. Од ДУИ засега не ги пуштаат новинарските екипи да снимаат ниту, пак, најавуваат дали ќе дадат изјава или ќе има соопштение во врска со одлуката за можна коалција. Голем број новинарски екипи се собрани во...

Османи: Мора да донесеме правилна одлука

Се разгледуваат аргументите за и против, но сè уште не е свикано централното претседателство на ДУИ, а разговорите ќе продолжат и утре, изјави партискиот портпарол, Бујар Османи, екипи пред седиштето на партијата во Мала Речица. - Ахмети продолжува со консултациите. Немаме конкретни одлуки, ги анализираме сите опции за и против, оти знаеме за важноста на оваа одлука. Ситуацијата е деликатна, роковите се...

Османи: Евроинтеграции и прифаќање на платформата, ако не – предвремени избори

„Без прифаќање на платформата на трите албански партии за статусот на Албанците во Македонија и без јасна определба за евроинтеграциите, тешко би се направила влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Исто така, се настојува во неа да не влезат функционерите кои се под истрага“, порача вчера Бујар Османи во емисијата „200“ на телевизијата „Алсат-М“, мислејќи на случаите што ги отвори...

#Одговорност е издавање функционални здравствени картички

Електронските здравствени картички, за џабе потрошени милиони. Огромниот проект за електронските картички имаше цел да ги замени постојните здравствени книшки со електронски картички што би функционирале со посебен електронски систем, меѓутоа тоа не се случи и проектот пропадна. Електронските картички веќе неколку години се користат само наместо сини картони, а Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) неколкупати ги има пречекорено роковите за изработка...

Дали безбедносните камери го снимиле пукањето на Клинички?

Три дена по вооружениот инцидент, во кој беше ранет лекар хирург на Клиниката за дигестивна хирургија, надлежните не кажуваат дали дивеењето на осомничените било снимено на камерите од видеонадзорот и дали тие воопшто работат. Во 2008 година, Министерството за здравство набави и инсталираше околу 1.200 камери во Клиничкиот центар и во другите здравствени објекти за што се потрошени околу еден...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...