fbpx

Османи: ДУИ вечерва нема да донесе одлука дали ќе му ги даде потписите на СДСМ

-

Оваа дебата што се одвива на централното претседателство ќе биде маратонска, ќе трае доцна во ноќта и нема да се донесе никаква одлука во однос на тоа дали ќе му се дадат потписите на СДСМ за состав на нова влада или не, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, за време на заседанието на централното претседателство на партијата во Мала Речица.

Тој истакна дека работната група ќе му го достави на претседателството материјалот околу договорените предлози со СДСМ, но и ќе ги достави заклучоците и договореното што произлегло од вчерашната средба на лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на СДСМ, Зоран Заев.

– Не се исклучува можноста, во зависност од текот на дебатата што се одвива во централното претседателство, повторно работната група на ДУИ да почне да преговара со работната група на СДСМ во однос на некои прашања за кои не се надминати разликите – додаде Османи и уште еднаш истакна дека вечерва нема да има никаква одлука.

Централното претседателство на ДУИ почна да заседава во 18.30 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...