среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Мала Речица | 23 резултати

Обвинение против 13 лица за убиството во Мала Речица

мај 23, 2018

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица, во кој на 5 април годинава беше убиен кумановецот Наип Реџепи, а двајца беа повредени. Против четири лица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој едно лице се товари за убиство и […]

Ахмети: ДУИ го почитува унитарниот карактер на Македонија, треба да се избере влада

мај 13, 2017

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со амбасадорот на Италија, Карло Ромео, нагласил дека ДУИ го почитува уставниот поредок, како и унитарниот карактер на земјата, додека новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа, извести ДУИ. Во врска со локалните избори, Ахмети рекол дека ДУИ ги поддржува […]

Амбасадорите на Ахмети му ја потврдиле поддршката за формирање на новата влада

мај 3, 2017

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица остварил средба со амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на Холaндија, Ваутер Пломп, на Шведска, Матс Стафансон, и со Марко Акватичи, од aмбасадата на Германија, соопшти партијата. „На средбата гостите го поздравија изборот на претседателот од парламентарното мнозинство […]

Ахмети: Меѓународната заедница посериозно да се ангажира за кризата

април 28, 2017

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го осуди насилството во Собранието и рече дека „по ваквата ситуација, меѓународната заедница треба посериозно и повеќе да се ангажира за надминување на сложената политичка состојба.“ Тој пред седиштето на партијата во Мала Речица, каде што треба да се одржи состанок на централното партиско претседателство, беше прашан дали ќе оди на […]

Во штабот на ДУИ, македонското знаме го пречека Билт поттурнато во заднината

април 18, 2017

Поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билт, кој денеска има серија средби со политички лидери во Македонија, веројатно ненамерно, сакајќи да твитне фотографија дека пристигнал во штабот на ДУИ во Мала Речица во Тетово, илустрираше каде ДУИ го држи македонското знаме. На подиумот кој е во рамките на салата за средби ги има сите […]

Ахмети: ДУИ не донесе одлука вечерва, не се исклучува нова лидерска средба

март 31, 2017

Претседателот на ДУИ вечерва во партиското седиште во Мала Речица соопшти дека партијата уште нема цврста одлука за решение за излез од кризата, но порача дека предвремени избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, не би ја решилe кризата. Али Ахмети исто така најави дека е можна и нова лидерска средба. По итен повик на Ахмети, попладнево и […]

Централното претседателство на ДУИ поделено, некои за, некои против излегување од владата

март 31, 2017

Централното претседателство на ДУИ сè уште ја разгледува опцијата партијата да излезе од владата, за да има избор на нова влада и да се деблокира институционалната криза. Во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица попладнево почна седницата на централното претседателство, кое го свика партискиот лидер, Али Ахмети. Портпраролот на партијата, Бујар Османи, за време на одржување […]

Oсмани: ДУИ ќе влезе во владата на СДСМ

март 4, 2017

Демократската унија на Албанците на седницата на централното претседателство одлучи да учествува во новата влада предводена од СДСМ, образложи портпаролот Бујар Османи по полноќ. – ДУИ одлучи да ја почитува волјата на граѓаните и да учествува во владата. Бараме Иванов да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев – рече Османи во текот […]

Во седиштето на ДУИ најверојатно ќе се заседава долго во ноќта

март 3, 2017

Не може да се прогнозира до кога ќе трае седницата на централното претседателство на ДУИ во партиското седиште во Мала Речица, им беше соопштено на новинарите пред малку. Пред почетокот на седницата, попладнево претседателот на партијата, Али Ахмети, изјави дека лидерството на ДУИ денеска ќе разговара за формирањето на владата и за уставните можности за […]

ДУИ ги дава потписите на СДСМ, за коалиција ќе размисли

февруари 24, 2017

ДУИ ќе му ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но тие потписи не значат дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ. Ова вечерва го изјави портпаролот  на партијата, Бујар Османи, за време на состанокот на централното претседателство на ДУИ, кој сè уште трае. Османи рече дека централното претседателство ја продолжува дебатата, но потписите […]

Османи: ДУИ вечерва нема да донесе одлука дали ќе му ги даде потписите на СДСМ

февруари 22, 2017

Оваа дебата што се одвива на централното претседателство ќе биде маратонска, ќе трае доцна во ноќта и нема да се донесе никаква одлука во однос на тоа дали ќе му се дадат потписите на СДСМ за состав на нова влада или не, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, за време на заседанието на централното претседателство […]

Заев на средба со Ахмети во Мала Речица

февруари 21, 2017

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во Мала Речица има средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која ќе разговараат за приближување на програмите на двете партии и за можното коалицирање и формирање влада. Без да даде каков било коментар, Заев влезе во седиштето на ДУИ, а не одговори ниту на прашањата дали по […]

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав заседава во Мала Речица

јануари 28, 2017

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав се собра денеска во седиштето на партијата во Мала Речица, за да решава за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада. Од ДУИ засега не ги пуштаат новинарските екипи да снимаат ниту, пак, најавуваат дали ќе дадат изјава или ќе има соопштение во врска со одлуката за можна коалција. Голем […]

Османи: Мора да донесеме правилна одлука

јануари 27, 2017

Се разгледуваат аргументите за и против, но сè уште не е свикано централното претседателство на ДУИ, а разговорите ќе продолжат и утре, изјави партискиот портпарол, Бујар Османи, екипи пред седиштето на партијата во Мала Речица. – Ахмети продолжува со консултациите. Немаме конкретни одлуки, ги анализираме сите опции за и против, оти знаеме за важноста на оваа одлука. […]

Во Мала Речица сè уште трае состанокот на Ахмети со потпретседателите

јануари 27, 2017

Состанокот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со четворицата потпретседатели на партијата, Садула Дураку, Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта, сè уште трае во седиштето на ДУИ во Мала Речица. И вечерва бројни новинарски екипи исчекуваат резултати од разговорот зад затворени врати, а засега нема никакви информации за јавноста за тоа како течат преговорите. Досега […]

Ахмети во Мала Речица побара гласови за повеќе од 10 пратеници во ИЕ6

декември 1, 2016

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера имаше средба со жителите на Каршијак, Студеничани и на Батинци, а централниот митинг на кој ја претстави изборната платформа за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, го имаше во Мала Речица. Лидерот на ДУИ и носител на кандидатската листа во шестата изборна единица, Али Ахмети, рече дека целта […]

Експлозивна направа оштети куќа во Мала Речица

октомври 16, 2016

Непозната експлозивна направа синоќа била поставена и активирана во куќа на улицата 146 во тетовска Мала Речица, сопственост на 66-годишен жител од ова село. При експлозијата, која се случила околу 23 часот и 50 минути, причинета е само материјална штета. Повредени нема бидејќи во куќата немало никого, семејството било на привремена работа во Италија. – Непознатите […]

Прославата на Бадник во Тетовско почна во Мала Речица

јануари 6, 2016

Се враќа традицијата на одбележување на Бадник во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“ во Мала Речица. Според обичаите и црковните догми, се осветија бадниковите гранчиња, а се запали и бадниковиот оган. Беше прережан и славскиот колач. – Ваквиот начин на празнување на Бадник е специфичен само за тетовскиот регион и првпат уште во 1912 година почнал […]

Убиен 43-годишен жител на тетовското село Лисец

декември 3, 2015

Со прострелна рана во срцето, попладнево околу 15.30 часот во Мала Речица убиен е 43-годишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец. Убиството се случило во угостителски објект на улицата Љуботенска. – Лицето Хасани е убиено со еден куршум, истрелан од пиштол кон срцето, а смртта настапила веднаш – изјави јавниот обвинител Борислав Нешоски од Основното јавно обвинителство […]

Страна 1 од 1