fbpx

ДУИ ги дава потписите на СДСМ, за коалиција ќе размисли

-

ДУИ ќе му ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но тие потписи не значат дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ. Ова вечерва го изјави портпаролот  на партијата, Бујар Османи, за време на состанокот на централното претседателство на ДУИ, кој сè уште трае. Османи рече дека централното претседателство ја продолжува дебатата, но потписите биле дадени за да се деблокираат некои процеси и да се запазат роковите за распишување на локални избори.

– Сега само даваме поддршка за мандат, да се деблокираат некои процеси, затоа што не е во интерес на државата локалните избори да се одоложат. Но, тоа не значи дека имаме договор за коалиција. Ако се одлучиме за учество во влада, треба да се усогласат програмите. Има аргументи за и против двете опции и не можам да кажам дали доминира едната или другата опција, но вечерва не очекувам да се донесе таква одлука. Давањето потписи не значи договор за влада, туку значи почнување на процес на преговори за влада, доколку одлучиме за опцијата партиципирање во влада –  изјави Османи.

Попладнево портпаролот на партијата, Бујар Османи, изјави дека централното претседателство во седиштето на ДУИ во Мала Речица, денеска разгледува две опции. Едната е ДУИ да биде дел од владината коалиција која ќе ја предводи СДСМ, а втората опција е ДУИ да даде поддршка за малцинска влада, така што во практика нивните пратении би гласале во Собранието за формирање на мнозинска коалиција, но партијата би била во опозиција, односно нивните партиски преставници нема да бидат дел од извршната власт.

Според него, целта со оваа опција е да се отфрлат сите сомнежи што некој ги има околу работата на ДУИ досега, затоа што, како што рече,  ДУИ не е само политичка партија, туку е и движење.

Претходно и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека денеска на централното претседателство на партијата ќе се разгледува опцијата ДУИ да биде опозиција во идниот парламентарен состав.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...