fbpx

Ахмети: ДУИ не донесе одлука вечерва, не се исклучува нова лидерска средба

-

Претседателот на ДУИ вечерва во партиското седиште во Мала Речица соопшти дека партијата уште нема цврста одлука за решение за излез од кризата, но порача дека предвремени избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, не би ја решилe кризата. Али Ахмети исто така најави дека е можна и нова лидерска средба.

По итен повик на Ахмети, попладнево и вечерва во Мала Речица заседаваше централното претседателство на ДУИ, со намера да се најде решение за кризата која се пресели и во Собранието.

Седницата на претседателството на партијата заврши, а нова седница се очекува дури по една седмица.

– Расправавме за деблокирање на состојбата, односно да дадат оставка министрите од ДУИ, но за оваа работа постојат две толкувања. Односно, министрите од ДУИ може да дадат оставка, но нема каде да ги поднесат оставките. Второто толкување е дека тие ќе мора да дадат оставки, но ќе мора да ги извршуваат функциите сè до избор на нова влада – појасни лидерот на ДУИ.

Според Ахмети, на денешната итна седница се разговарало и за продлабочувањето на проблемот со локалната власт, бидејќи на сегашните гарнитури во општините мандатите им завршуваат во средината на мај.

– Затоа овој проблем мора да се реши, оти нема да имаме ниту градоначалници, ниту совети, но за да се реши, мора да има функционално Собрание – рече Ахмети.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ахмети појасни дека вечерва не се донела никаква одлука, затоа што ДУИ мора да се консултира со експерти околу можните решенија и начини за излез од кризата.

Тој рече дека е можна и нова лидерска средба.

– Не се исклучува можноста за лидерска средба, но секако отфрламе можност за нови избори, оти со оваа оппција нема да се реши кризата, туку повторно ќе има криза – рече претседателот на ДУИ вечерва пред партиското седиште.

Тој најави дека нова седница на централното претседателство ќе закажат за една седмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...