fbpx

Во штабот на ДУИ, македонското знаме го пречека Билт поттурнато во заднината

-

Поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билт, кој денеска има серија средби со политички лидери во Македонија, веројатно ненамерно, сакајќи да твитне фотографија дека пристигнал во штабот на ДУИ во Мала Речица во Тетово, илустрираше каде ДУИ го држи македонското знаме.

На подиумот кој е во рамките на салата за средби ги има сите други знамиња – на ЕУ, на САД, албанското, на ДУИ, па и косовското – само македонското срамежливо ѕирка од заднината.

На прашањето на „Мета“ зошто македонскот знаме е поставено таму, порптаролот на ДУИ, Бујар Османи, одговори со контрапрашање: „Како мислите зошто е поставено?“.

На дополнителното прашање за појаснување „зошто е поставено во ќош, зад сите други знамиња“, Османи одговори кусо и двосмислено „останало“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Видеото од руската фрегата во Куба е снимено пред пет години

Во деновите пред пристигнувањето на руските воени бродови, на интернет кружеа слики и видеа, кои наводно го покажуваат пристигнувањето на фрегатата „Адмирал Горшков“ во пристаништето во Хавана. Таков е...