fbpx

Франција спречила напад во пресрет на претседателските избори

-

Француските служби за безбедност уапсиле двајца Французи кои планирале „сигурен и насилен напад“ во пресрет на претседателските избори, кои ќе се одржат в недела, јавуваат француските медиуми.

– Двајца радикализирани Французи, родени во 1987 и во 1993 година, денеска се уапсени во јужниот француски град Марсеј – соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Матијас Фекл, додавајќи дека нападот требало да биде изведен во следните неколку дена.

Тој додаде дека мерките за безбедност во Франција, во пресрет на претседателските избори, се дополнително засилени.

Првиот круг од претседателските избори е закажан за 23 април. Од 11 кандидати, двајца се сметаат за главни претенденти за претседателската функција – лидерката на екстремната десница, Марин ле Пен, и кандидатот на центарот, Емануел Макрон. Сепак, според анкетите, и конзервативецот Франсоа Филон и екстремниот левичар Жан Лук Мелашон би можеле да влезат во вториот круг од изборите на 7 мај.
Речиси третина од граѓаните на Франција и понатаму се неодлучни за тоа кому ќе го дадат својот глас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...