fbpx

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав заседава во Мала Речица

-

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав се собра денеска во седиштето на партијата во Мала Речица, за да решава за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада.

Од ДУИ засега не ги пуштаат новинарските екипи да снимаат ниту, пак, најавуваат дали ќе дадат изјава или ќе има соопштение во врска со одлуката за можна коалција.

Голем број новинарски екипи се собрани во една од просториите на објектот на ДУИ во Мала Речица и очекуваат каква било информација.

Портпарол на ДУИ, Бујар Османи, синоќа изјави дека најважно е одлуката да биде добра, наместо навремена.

– Ние сме свесни за роковите, за целата ситуација, и посакуваме да се најде решение за да постигнеме политичка стабилност, но првично и важно е одлуката да биде добра, наместо навремена – изјави Османи.

Синоќа во Мала Речица претседателот на ДУИ, Али Ахмети, разговараше со потпретседателите, по што разговорите продолжуваат и денеска.

Рокот за состав на нова влада истекува утре (29 јануари), кога мандатарот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, треба да соопшти дали и со која партија ќе формира коалиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...