fbpx

Османи: Мора да донесеме правилна одлука

-

Се разгледуваат аргументите за и против, но сè уште не е свикано централното претседателство на ДУИ, а разговорите ќе продолжат и утре, изјави партискиот портпарол, Бујар Османи, екипи пред седиштето на партијата во Мала Речица.

– Ахмети продолжува со консултациите. Немаме конкретни одлуки, ги анализираме сите опции за и против, оти знаеме за важноста на оваа одлука. Ситуацијата е деликатна, роковите се кратки, ќе продолжиме и во текот на утрешниот ден со овие консултации. За секоја од опциите има аргументи кои се ставени на маса и во текот на овие денови сме ги образложиле. Ќе се анализираат последиците од тие опции, но најважен е, пред сè, интересот на граѓаните – рече Османи, појаснувајќи дека вечерва во Мала Речица се водат разговори на претседателот на ДУИ со потпретседателите.

Тој појасни дека централното претседателство на партијата ќе биде свикано тогаш кога ќе има предлози кои би донеле до конечни одлуки.

– Ние сме свесни за роковите, за целата ситуација, и посакуваме да се најде решение за да постигнеме политичка стабилност, но првично и важно е одлуката да биде добра, наместо навремена – рече портпаролот на ДУИ, додавајќи дека знаат дека е кус рокот, но ги разгледуваат сите аргументи за да донесат правилна одлука за иднината на земјата.

Инаку, партијата треба да донесе одлука дали ќе влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја формираат новата влада. Рокот на Никола Груевски што го доби со мандатот да формира влада истекува задутре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...