fbpx
Таг: Бујар Османи

таг: Бујар Османи

Османи ќе го информира Иванов за активностите од планот „3-6-9“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, попладне во вила „Водно“ ќе се сретне со вицепремиерот за европски прашања и задолжен за планот „3-6-9“, Бујар Османи. На средбата, Османи и претставниците на Секретаријатот за европски прашања, ќе му ги презентираат на претседателот Иванов активностите што се преземаат за забрзување на евроинтеграциите на Македонија, предвидени со владиниот реформски план „3-6-9“.

Османи: Локалните избори се круна на планот „3-6-9“ и тест за Владата

Парламентарните избори минатата година го означија почетокот на крајот на една тешка институционална и политичка криза, но означија и почеток на деблокирање на евроинтегративниот процес, изјави вицепремиерот Бујар Османи, пред почетокот на tрибината посветена на имплементацијата на мерките од планот „3-6-9“ што се однесуваат на изборите и на изборниот процес. - Иако тие избори означија некаков почеток, сметам дека следните локалните избори...

Законот за употреба на јазиците, Османи го очекува на владина седница следната недела

Законот за употреба на јазиците би требало набргу, во наредните денови, да биде подготвен од Владата, а по новите изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го ревидира својот став кон Албанците, изразуваме очекување таа партија да го ревидира својот став и со консензус да го донесеме законот за јазиците, рече вицепремиерот Бујар Османи. Одговарајќи на новинарско прашање пред денешната заедничката работна средба...

Османи: Политиката нема да се меша, реизборот на судии ќе го прави Судскиот совет

Политичките партии од новото парламентарно мнозинство и од Владата се за реформи, но нема да прават генерален реизбор на судии. Надлежноста на тоа е само на Судскиот совет, кој е надлежен да ги решава тие работи, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, пред почетокот на заедничката работна средба на Секретаријатот за европски прашања и Министерство за правда, која...

Османи: Нема да има генерален реизбор на судии

Мислам дека е апсолутно погрешна интерпретацијата дека Владата или новото парламентарно мнозинство ќе прави реизбор на судии, но ќе се зголеми улогата на новиот Судски совет во дефинирање на постапките за избори или дисциплинирање на судиите, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Вицепремиерот Османи вели дека најприоритетна реформа од планот „3-6-9“ е правосудството, затоа...

Османи: Предизвикот е да направиме систем за координирање и за надзор на планот „3-6-9“

„Подготовката на планот „3-6-9“ беше полесната работа. Планот доби широка поддршка како надвор, од нашите меѓународни партнери, така и дома, кај домашната јавност. Но, сега ни е потребна имплементација на 73 мерки за три месеци, во услови на ограниченост од прогласувањето локални избори и од летните одмори. Сега предизвикот е да направиме систем за надзор, координирање и за информирање“, порача вицепремиерот за...

Могерини: Посветеноста ни овозможува да ја насочиме сета енерија на реформите

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска на 13. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, на кој присуствуваа и еврокомесарката и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, го образложија владиниот план „3-6-9“. Димитров и Османи, како што велат од Секретаријатот за европски...

Османи утре на состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, од денеска ќе биде во официјална посета на Брисел, а утре ќе учествува на тринаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА). Со Советот ќе претседава министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, а копретседавач ќе биде високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на Европската комисија, Федерика...

Собраниската комисија за европски прашања ќе расправа за планот „3-6-9“ на Владата

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе го претстават планот „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија. Седницата на Комисијата е закажана за 12.30 часот и на неа со свои ставови околу владиниот план за реформите неопходни за напредок на земјата кон евроатлантските интеграции, ќе се произнесат и политичките партии во...

Османи го презентирал планот „3-6-9“ на амбасадорите од ЕУ и на Рот

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, во просториите на Делегацијата на Европската Унија го презентирал планот „3-6-9“ пред амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. - Во овој план се опфатени реформите што Владата ќе ги спроведува во претстојниот период од три месеци, односно до одржувањето на локалните избори, а во меѓувреме...

Заев го презентираше планот „3 – 6 – 9“: Пакет брзи реформи за препорака и за преговори со ЕУ

Македонија прави пробив во евроатлантските аспирации преку отворена транспарентна инклузивност на сите заинтересирани страни, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го реформскиот план насловен како „3-6-9“. Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки во кои треба да бидат спроведени реформите. - Во првите три месеци, до локалните избори, планираме да се обезбеди отстранување на условената препорака за почеток на...

Заев и Османи напладне ќе ги откријат деталите од реформскиот план „3 – 6 – 9“

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска напладне на прес-конференција во Владата ќе ги соопштат деталите од предлог-планот „3 – 6 – 9“ за спроведување на реформските приоритети. Владата на вчерашната седница го усвои планот, кој треба да придонесе за добивање неусловена препорака за почеток на преговорите со ЕУ, како и да се забрза интегрирањето во...

Османи – Манжин: Македонија нема друга алтернатива освен евроатланската интеграција

Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, а Македонија нема друга алтернатива освен евроатланската интеграција, заклучија на денешната средба вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и директорката за континентална Европа при француското министерство за надворешни работи, Флоренс Манжин. – Изгубивме премногу време пред вратите на ЕУ и тоа лошо се одрази на состојбите во Македонија. Сакаме да ја искористиме оваа можност,...

Османи во Брисел ќе копретседава со Комитетот за стабилизација и асоцијација

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за правда, Билен Салији, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска се во еднодневна посета на Брисел. Во рамки на посетата, вицепремиерот Османи заедно со директорката за Западен Балкан во Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Геновева Руиз Калавера, ќе копретседава со 14. состанок на...

Вицепремиерот Османи и министрите Салији и Манчевски во еднодневна посета на Брисел

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за правда, Билен Салији, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, утре ќе бидат во еднодневна посета на Брисел. Вицепремиерот Османи, заедно со директорката за Западен Балкан во рамки на Директоратот за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР) на Европската комисија, Џеновева Руиз Калавера, ќе копретседава со 14. состанок...

Прибе: Неопходна е мобилизација на институциите за спроведување на реформите

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, денеска имаа работен појадок со експертот од ЕУ за реформските приоритети, Рајнхард Прибе. Димитров изразил благодарност за ангажманот на експертскиот тим предводен од Прибе, кој со прецизното детектирање на недостатоците во неколку клучни области придонесе во процесите за надминување на политичката криза. - Отсуството на независни институции имаше...

Прибе на работен појадок со Димитров и со Османи во МНР

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска во просториите на Министерството за надворешни работи ќе одржат работен појадок со германскиот експерт Рајнхард Прибе, соопшти МНР. Прибе, како што претходно најави еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, доаѓа во Македонија за да ѝ помогне на Владата во спроведувањето на реформските приоритети. Вчера...

Прибе утре на работен појадок со Димитров и со Османи во МНР

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, утре во просториите на Министерството за надворешни работи ќе одржат работен пoјадок со германскиот експерт Рајнхард Прибе, соопшти МНР. Прибе, како што претходно најави еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, доаѓа во Македонија за да ѝ помогне на Владата во спроведувањето на реформските приоритети. Инаку,...

Заев побара поддршка од граѓанскиот сектор за реализацијата на реформските приоритети

Намерата на Владата е до крајот на годината Македонија да добие чиста препорака за почеток на преговорите со Европската Унија, а следната година и датум за почеток на преговорите за полноправно членство. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на почетокот на тематските консултации што се одржаа во Владата со претставниците на граѓанското општество, за реформските...

Вицепремиерот Османи се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните парламентарни избори, Кајетана де Зулуета. Османи истакнал дека посетата, која е пред локалните избори, претставува одлична можност да се применат клучните приоритети од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР. - Владата веќе подготви план во кој посебно место имаат т.н. реформски приоритети на кои Владата ќе се посвети...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...