fbpx
Таг: Бујар Османи

таг: Бујар Османи

Во Владата напладне ќе се одржи дебата за реформските приоритети

Во свечената сала на Владата, денеска,  со почеток во 12 часот, ќе се одржи дебата за реформските приоритети. „Поаѓајќи од важноста на процесот на европска интеграција, а во согласност со определбата на Владата за транспарентност во работата и за вклучување на граѓанското општество во процесот на креирање политики, денеска во Владата ќе се одржат тематски консултации за областите кои се...

Османи: Усогласен текстот на договорот за добрососедство, останаа само технички детали

„Резултатите од посетата на Софија се одлични. Најважно е што делегациите на двете влади го договорија текстот на договорот за добрососедство, а остануваат само некои технички детали, кои би можеле да бидат усогласени до посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на Македонија на 2 август“, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, за бугарската новинска агенција БТА. Османи е дел од...

В понеделник ни доаѓа Хан, во вторник Прибе

„Посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и неговото учество на отворена владината седница е најверојатно преседан за Македонија, со што се создава нова клима. На Хан ќе му предложиме нацрт-план со мерките, активностите и со временските рамки за реформските приоритети“, рече вицепремиерот Бујар Османи во Владата денеска, најавувајќи ја агресивната кампања што во следниве неколку месеци треба да доведе до исполнување...

Османи: Почнуваме агресивна кампања за реализација на реформските приоритети

Владата почнува една агресивна кампања за постигнување на клучните реформски приоритети, за да постигнеме еден напредок во следните неколку месеци, кои ќе бидат посветени исклучиво на ЕУ-агендата, за потоа да може да ги почнеме и преговорите за пристапување кон ЕУ, рече вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, на прес-конференција. Посочувајќи дека бидејќи е надмината политичката криза во Македонија, односно се исполнети...

Османи – Безак: Реално остварливи цели за европска интеграција

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со словачкиот амбасадор, Мартин Безак. „Очекувам претстојниот период да имаме блиска соработка и да работиме заедно на имплементирање на сите неопходни реформи поврзани со евроинтегративниот процес, бидејќи Македонија нема друга алтернатива освен членството во евроатлантските структури“, изјавил Османи. Тој нагласил дека долгата политичка криза во земјата влијаела на сите сегменти...

Османи – Суомалаинен: Изборната реформа е меѓу клучните приоритети на Владата

Изборната реформа останува меѓу клучните приоритети на Владата, вклучително и имплементацијата на препораките наведени во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР, истакнал вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба со амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен. Османи нагласил дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбедува важна помош за Македонија, особено во областа на владеењето на правото и на изборните реформи...

Османи – Ромео: Време е да се затворат меѓуетничките, како и сите други отворени прашања

Време е да се затворат меѓуетничките, како и сите други отворени прашања кои се клучен елемент за евроатлантските аспирации на Македонија, истакнал вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба со амбасадорот на Италија во земјава, Карло Ромео. „Имаме голем предизвик пред нас да надоместиме за изгубеното време и се надевам дека тоа ќе го направиме во тесна соработка...

Османи – Тимоние: Македонија нема друга алтернатива освен евроатланската интеграција

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со амбасадорот на Француската Република, Кристијан Тимоние, кому му укажал дека соработката со Франција е од голема важност за Македонија, особено отворената поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО. Според Османи, позитивната клима по неодамнешната посета на Брисел ќе се искористи како дополнителен поттик да се внесе нова...

ДУИ и ДР-ДПА ги објавија кандидатите за заменици-министри во Владата

ДУИ ги објави имињата на кандидатите за заменици-министри во Владата. Агим Нухиу се предлага за заменик-министер во Министерството за внатрешни работи, за заменик-министер за одбрана се предлага Беким Максути, за заменик-министер за образование - Висар Ганиу и за заменик-министер за финансии - Ширете Елези. Имињата на кандидатите за заменици-министри на ДУИ ги објави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на својот фејсбук-профил. Вечерва состанок...

Заев побара поддршка од Туск за решавање на блокадата на процесот на пристап кон ЕУ

На средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Брисел, денеска македонскиот премиер Зоран Заев порачал дека новата влада е подготвена да води квалитетен реформски процес, но истовремено ја нагласил важноста на поддршката од Европскиот совет за наоѓање решенија да се спречи билатералните прашања да претставуваат пречка за процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ. На средбата, премиерот бил...

Османи-Река: Зајакната регионална соработка е клучна за влезот на Западен Балкан во ЕУ

Убеден сум дека во вакви времиња кога ЕУ се соочува со многу предизвици, интеграцијата на Западен Балкан треба да се гледа како одговор во справувањето со овие предизвици. Целосна интеграција на сите земји од Западен Балкан во Европската Унија и во НАТО е неопходна, нагласил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со амбасадорот на Република Албанија,...

Османи до крајот на летото очекува безусловна препорака за преговори со ЕУ

Владата во овој период е целосно ангажирана околу реформските приоритети што треба да се реализираат во овие три месеци за да може уште кон крајот на летото земјава да добие безусловна препорака за почнување преговори со Европската Унија, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, во интервју за „Телевизија 24“. Османи го оценува одлично повторното доаѓање на Рајнхард Прибе и на неговиот...

Заев: Со Хан в понеделник ќе ги договараме првите реформски приоритети

Премиерот Зоран Заев вчера, при посетата на Порој, одговарајќи на новинарско прашање, потврди дека в понеделник ќе ја оствари првата официјална посета на Брисел и првата средба со еврокомесарот Јоханес Хан, на која ќе се договараат првите реформски приоритети што треба да ги реализира новата влада. На првата официјална посета, премиерот ќе биде придружуван од вицепремиерот Бујар Османи, министерот...

ДУИ ги предложи Лика, Османи, Салиу, Бекташи, Мерко и Дураку за министри во новата влада

Претседателството на ДУИ доцна вечерва одлучи да ги предложи Хазби Лика, Бујар Османи, Билент Салиу, Крешник Бекташи, Рамиз Мерко и Садула Дураку за министри во новата влада. Хазби Лика ќе биде вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците. Тој од 2005 до 2009 беше градоначалник на општина Тетово. Портпаролот на ДУИ Бујар Османи ќе биде вицепремиер за евроинтеграции. Тој од...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не осуди ниту една иредентистичка изјава

ВМРО-ДПМНЕ преку редовното утринско соопштение денеска го напаѓа СДСМ дека досега не осудил ниту една шовинистичка изјава од албанските политичари. „Криминалецот Заев со својата антидржавна политика ги разгорува иредентистичките и шовинистичките страсти во регионот и затоа не смее да осуди ниту една негаторска изјава што доаѓа од Зијадин Села, Билал Касами, Еди Рама и ред други. Последен во низата е Бујар...

Османи: Ахмети нема намера да оди кај Иванов и да го уверува дека е за унитарна Македонија

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на „Телевизија 24“, рече дека лидерот на партијата, Али Ахмети, нема намера да оди кај претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и да го убедува дека тој и партијата се за унитарна Македонија, пренесува „Плусинфо“. - И Ахмети и ДУИ и досега јавно кажале и кажуваат дека се за унитарна...

ДУИ го поздрави изборот на Џафери и бара одговорност од заповедниците на полицијата

Во Мала Речица во седиштето на ДУИ пред малку заврши седницата на централното претседателство на партијата, по четири часа заседавање, по што изјава даде само партискиот портпарол, Бујар Османи. Лидерот, Али Ахмети, не сакаше да даде изјава за новинарите, посочувајќи дека сè што има да се каже ќе го соопшти партискиот портпарол Бујар Османи. Османи потоа прочита изјава за медиумите,...

Бујар Османи: Талат Џафери ќе биде кандидат за претседател на Собранието

Талат Џафери ќе биде новиот претседател на Собранието на Република Македонија, изјави за „Порталб“, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Според Османи, Талат Џафери е единствениот кандидат на ДУИ и на парламентарното мнозинство. Доколку Џафери го помине гласањето за избор на претседател на Собранието, кое ќе се одржи следната недела, тој ќе биде првиот спикер Албанец на законодавниот дом од осамостојувањето...

Османи: Двојазичните банкноти и униформи не се неуставни

И двојазичните банкноти и униформите ќе бидат уставни, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за „Радио Слободна Европа“ по денешната прес-конференција на Зоран Заев. Лидерот на СДСМ рече дека тие би биле спротивни на уставните одредби, односно дека така сугерирале експертите што ги консултирала неговата партија. - Ние сметаме дека се целосно во рамки на Уставот, како што и...

Oсмани: ДУИ ќе влезе во владата на СДСМ

Демократската унија на Албанците на седницата на централното претседателство одлучи да учествува во новата влада предводена од СДСМ, образложи портпаролот Бујар Османи по полноќ. – ДУИ одлучи да ја почитува волјата на граѓаните и да учествува во владата. Бараме Иванов да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев - рече Османи во текот на состанокот на централното претседателство...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...