fbpx

Османи – Ромео: Време е да се затворат меѓуетничките, како и сите други отворени прашања

-

Време е да се затворат меѓуетничките, како и сите други отворени прашања кои се клучен елемент за евроатлантските аспирации на Македонија, истакнал вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба со амбасадорот на Италија во земјава, Карло Ромео.

„Имаме голем предизвик пред нас да надоместиме за изгубеното време и се надевам дека тоа ќе го направиме во тесна соработка со сите заинтересирани страни во земјата, како и со меѓународните партнери“, рекол Османи, се наведува во соопштението од неговиот кабинет за средбата.

Во врска со аспирациите на Македонија за членство во Европската Унија, Османи нагласил дека фокусот останува на исполнувањето на обврските кои произлегуваат од итните реформски приоритети и Договорот од Пржино и дека очекува да се постигнат резултати, за да се отстрани условеноста на препораката за членство.

Тој го посочил Берлинскиот процес како добар механизам за понатамошно зајакнување на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан и додал дека земјава очекува конкретни резултати од претстојниот самит во Трст, кој се одржува во рамките на Берлинскиот процес.

Вицепремиерот Османи и амбасадорот Ромео, воедно, изразиле задоволство од билатералната соработка меѓу двете земји, како и од меѓусебните пријателски односи, посочувајќи дека има простор за нивно унапредување со нови конкретни проекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...