fbpx

В понеделник ни доаѓа Хан, во вторник Прибе

-

„Посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и неговото учество на отворена владината седница е најверојатно преседан за Македонија, со што се создава нова клима. На Хан ќе му предложиме нацрт-план со мерките, активностите и со временските рамки за реформските приоритети“, рече вицепремиерот Бујар Османи во Владата денеска, најавувајќи ја агресивната кампања што во следниве неколку месеци треба да доведе до исполнување на реформските приоритети.

Еврокомесарот Хан во Македонија ќе биде следната недела в понеделник, а веќе во вторник во земјава доаѓа и Ранјхард Прибе, раководителот на комисијата која во име на ЕУ во 2015 година го подготви списокот на неопходните реформи што земјава треба да ги преземе за да го надмине застојот на патот кон зачленување во ЕУ.

Прибе доаѓа на конференција на МАНУ, а неговите суштински посети на земјава, на кои ќе разговара за приоритетите, ќе бидат во јули, рече Османи.

– Станува збор за одлична одлука на Хан да го вклучи и Прибе. Неговото име стана синоним за реформите, па и малите деца да ги прашате, го знаат неговото име. Тој може подобро да зборува за тоа што треба да се преземе, така што неговиот придонес за Македонија е од голема важности и ќе ни даде и нови насоки. Ова зборува дека работите се придвижуваат – рече Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...