Османи: Нема да има генерален реизбор на судии

-

Мислам дека е апсолутно погрешна интерпретацијата дека Владата или новото парламентарно мнозинство ќе прави реизбор на судии, но ќе се зголеми улогата на новиот Судски совет во дефинирање на постапките за избори или дисциплинирање на судиите, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.

Вицепремиерот Османи вели дека најприоритетна реформа од планот „3-6-9“ е правосудството, затоа што таму има селективност во водењето на правдата.

Според него, за отворање на преговорите за членство во Европската Унија потребна е реализација на планот „3-6-9“, но и адресирање на отворените политички прашања, како меѓуетничките односи и односите со соседите.

– Планот „3-6-9“ е важен план, кој сам по себе има две цели. Едната е да создаде општество кое е европско и добро за граѓаните и второ, да ги постигнеме очекувањата на нашите европски партнери во делот на интегративниот пат, меѓутоа одлуката за почнување на преговори е консензуална одлука на сите земји членки и за тоа треба да се исполнат двете траектории – вели Османи.

Османи во интервјуто вели дека само преку градење мерки на доверба, мостови на комуникација и отстранување на предрасудите со Грција, може да се создаде основа за решавање на спорот со името.

– Потребни ни се храбри одлуки, Владата е одлучна да влезе во разговори за решавање на ова прашање, се разбира дека нашиот интерес е и Грција да учествува во тој дел, во наоѓање на заедничко прифатливо решение, бидејќи тоа е во интерес на двете држави и на регионот во целина – додава Османи.

Мариупол не е град во Русија, туку во Украина

Објава на Фејсбук го опишува Мариупол како „град во Русија“, но според меѓународното право, тоа е град во Украина, кој е под окупација на Русија. Таа го држеше под опсада...