fbpx

Османи: Локалните избори се круна на планот „3-6-9“ и тест за Владата

-

Парламентарните избори минатата година го означија почетокот на крајот на една тешка институционална и политичка криза, но означија и почеток на деблокирање на евроинтегративниот процес, изјави вицепремиерот Бујар Османи, пред почетокот на tрибината посветена на имплементацијата на мерките од планот „3-6-9“ што се однесуваат на изборите и на изборниот процес.

– Иако тие избори означија некаков почеток, сметам дека следните локалните избори ќе означуваат крај на првата фаза, која ќе даде оценка дали навистина сме се вратиле на евроинтегративниот процес, односно на демократскиот пат – рече Османи, додавајќи дека локалните избори се круна на планот „3-6-9“ бидејќи изборите се показател за состојбата во администрацијата, медиумите и кај граѓаните.

Османи истакна дека мерките што ќе се спроведуваат треба да обезбедат мирни, фер и демократски избори, што е важна одредница за оценката што ќе ја дадат меѓународните партнери. Тој нагласи дека особено е важно следните избори да немаат ниту една дамка.

– Особено е важно да се издвои процесот на евроинтеграциите од дневната политика, да се издвои на наднационално, надрапартиско и надетничко ниво. Оттука уште еднаш ја повикувам опозицијата да биде дел од тој процес за да чекориме напред кон ЕУ – рече Османи.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека МВР како поддршка на Државната изборна комисија постојано работи на подобрување и на подигнување на веродостојноста на избирачкиот список и на враќање на довербата кај граѓаните.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, рече дека подготовката за локалните избори почнала веднаш по завршувањето на предвремените парламентарните избори преку внатрешна евалуација за спроведување на предвремените избори, стратешко планирање за подготвување план за периодот до 2020 година и анализа на финалниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР и на домашните набљудувачи.

– Анализите покажаа дека клучни приоритети треба да бидат подобрување на внатрешната организација, ефикасноста и транспарентноста во работењето на ДИК, спречување на сите можности за донесување политички одлуки, како во рамки на Комисијата, така и во рамки на општинските изборни комисии и избирачките одбори – рече Чичаковски, додавајќи дека е потребно да се донесат дополнителни прописи за регулирање на изборните процедури и за унапредување на едукацијата на општинските комисии и одбори.

Тој истакна дека клучна активност на ДИК била ажурирањето на избирачкиот список и дека од голема помош им било организирањето на неколкуте локални референдуми, бидејќи со тоа дале дополнителна динамиката на процесот на ажурирање на избирачкиот список.

Чичаковски на крај истакна дека ДИК привршува со активностите и со мерките што беа планирани за подготовката на локалните избори и дека подготвени го очекуваат распишувањето на локалните избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...