fbpx

Прибе утре на работен појадок со Димитров и со Османи во МНР

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, утре во просториите на Министерството за надворешни работи ќе одржат работен пoјадок со германскиот експерт Рајнхард Прибе, соопшти МНР.

Прибе, како што претходно најави еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, доаѓа во Македонија за да ѝ помогне на Владата во спроведувањето на реформските приоритети.

Инаку, Хан кој денеска беше во посета на земјава и имаше средби со премиерот Зоран Заев, министри во Владата и со лидерите на парламентарните политички партии, порача дека за спроведувањето на реформите за напредок на земјата кон Европската Унија е потребен национален консензус и дека политичкиот дијалог и дебатата по овие прашања треба да се водат во Собранието.

Премиерот Заев по средбата со Прибе соопшти дека Владата работи на акциски план наречен „Патоказ“, што треба да се финализира до 1 јули, а во кој се опфатени сите предвидени реформи во клучните области, како владеењето на правото, професионални државни институции, независни регулаторни тела и слободни медиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....