fbpx

Могерини: Посветеноста ни овозможува да ја насочиме сета енерија на реформите

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска на 13. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, на кој присуствуваа и еврокомесарката и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, го образложија владиниот план „3-6-9“. Димитров и Османи, како што велат од Секретаријатот за европски парашања, се заблагодариле на поддршката од меѓународните партнери за неговото создавање, напоменувајќи дека поддршка се очекува и во иднина.

Могерини на заедничката конференција со Хан, Димитров и со Османи истакна дека земјата се соочила со длабика криза, но дека ЕУ постајано помагала во нејзинот решавање.

– Скопје се соочи со длабока и долга политичка криза. Во изминатата година Европската Унија цврсто стоеше на ваша страна во тој тежок период за државата, обидувајќи се да посредува во политичкиот договор кој водеше кон решение, во согласност со Уставот. Драго ни е што денеска гледаме нов почеток, оптимизам и силна посветеност, која ни овозможува да ја насочиме сета наша енергија кон реформите што се неопходни за граѓаните, но се потребни и за евроатлантските интеграции на земјата, но и на регионот – рече Могерини.

Еврокомесарот Хан истакна дека на средбата се разговарало за приоритетите во спроведувањето на реформите, но и за тоа дека опозицијата мора да биде конструктивна.

– Владата има големи задачи пред себе и разговаравме како да ги поставиме приоритетите и да обезбедиме одржливи реформи. Ги поздравуваме и ги почитуваме сите напори да се работи со сите засегнати страни, вклучувајќи ја и опозицијата, но за тоа е потребна конструктивна опозиција. Важно е на сите да им се пристапи на инклузивен и конструктивен начин за да напредува ЕУ-агендата – рече Хан.

Министерот Димитров истакна дека новата влада мора да работи на исполнувањето на ветувањата кон граѓаните, односно формирање независни и функционални институции, кои ќе работат во интерес на граѓаните и на државата.

– Новата влада што се создаде по долга и тешка, морална, политичка и институционална криза е влада која има едно суштинско ветување кон граѓаните, а тоа е градење независни и функционални институции, кои ќе обезбедат со Република Македонија да владее правото, а не еден или група лидери. Во тој контекст, тоа нè прави близок партнер со Европската Унија, со Европската комисија и со земјите членки на ЕУ – рече Димитров.

Вицепремиерот Османи испрати јасна порака дека планот „3-6-9“ ќе биде спроведен и дека постои внатрешен општествен консензус за планот и дека владата се обрзува да го спроведе.

– Веќе се подготвени работни групи, ад хок тела, како и процедури за надзор и за рано предупредување за евентуалните застои во имплементацијата на планот – рече Османи на прес-конференцијата по состанокот.

Тој напомена дека Владата веќе работи на отворените политички прашања, како што се односите со соседите и донесување на законот за употреба на јазиците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...