Османи: Нема аргументи за да се донесе одлука, остануваат отворени сите опции

-

Нема доволно аргументи за да се одлучиме за една од петте опции кои беа предмет на дебата во партијата и затоа ни е потребно уште време за да ја донесеме одлуката, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи од седиштето на партијата во Мала Речица, каде вечерва заседава централното претседателство на партијата за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

– ДУИ денеска не донесе одлука по која било од петте опции кои ги разгледувавме на дебатата во партијата и немаше аргументи за да се одлучиме по ниту една од нив – изјави Османи.

Тој додаде дека наредните денови ќе ја продолжат дебатата за да ја донесат најдобрата одлука за граѓаните, бидејќи засега нема доволен број аргументи за една од опциите што се разгледуваат во партијата.

Османи оцени дека дебатата била конструктивна и добронамерна за граѓаните и знаејќи ја деликатноста на ситуацијата и тежината на одлуката, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оставил простор сите во партијата да го кажат ставот и одлуката за која било од опциите да ја донесе претседателството, иако има статутарно право таа да биде само негова.

Османи додаде дека остануваат отворени сите опции и дека за ДУИ е важен договорот со Албанците потпишан на 11 декември.

Тој изјави дека нема да ги коментира проекциите што ќе се случува во иднина по оваа одлука на ДУИ, иако партијата ја имала предвид тежината на одлуката бидејќи рокот за мандатарот Никола Груевски да состави влада истекува на полноќ.

– Во целиот период на разговорите ја имавме предвид стабилноста на државата, интересите на граѓаните и потребата за излегување од криза и заради тежината на одлуката и деликатноста, ни требаат аргументи за да се определиме за една од опциите – додаде Османи.

Портпаролот на ДУИ рече и дека разговорите во партијата, но и со меѓународната заедница траат неколку недели, но повтори дека немало доволно аргументи за да се донесе одлука за која било опција.

 

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон...

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум...

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Од ноќеска, бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизел горивото поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 74 денари...

Едно лице почина во пожар кај реката Лепенец во Ѓорче Петров

Во пожар кој вчера зафатил неколку штали и помошни простории близу реката Лепенец во Ѓорче Петров, изгорело едно лице и добиток, потврдуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот...

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека...