fbpx

Ахмети: Немам одговор со кого ќе бидеме во коалиција, ги анализираме сите опции

-

Немам одговор со кого ќе бидеме во коалиција, ги анализираме сите опции за да ја донесеме најдобрата одлука во корист на Албанците и за сите граѓани на Македонија без разлика дали се Албанци или Македонци, Срби или Роми, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на средбата на членовите на партијата во седиштето во Мала Речица.

Конечна одлука за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ сè уште не е донесена, централното претседателство на ДУИ ќе заседава и в недела, информираше портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Османи истакна дека дебатата била конструктивна и членовите на партијата почнале да расправаат по конкретни предлози.

Тој додаде дека тројцата потпретседатели на ДУИ, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, претходно не ја напуштиле седницата, туку порано заминале од средбата заради одмор и консултации.

Османи потврди дека возилото на Бејта било забележано пред седиштето на СДСМ во Скопје, додавајќи дека ДУИ е отворена за консултации и за преговори со сите партии за понатамошните политички случувања.

Рокот за состав на нова влада истекува утре (29 јануари), кога мандатарот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, треба да соопшти дали и со која партија ќе формира коалиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...