fbpx

Централното претседателство на ДУИ денеска ќе донесе одлука

-

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав се собра во седиштето на партијата во Мала Речица и расправа по конкретни предлози за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада.

Средбата почна околу 14 часот и пред нејзиниот почеток никој не даде изјава за текот на разговорите. Но, високи партиски извори на ДИУ брифираа дека „денеска без разлика на што и да е, ќе се донесе каква било одлука“.

Синоќа по завршувањето на средбата на членовите на ДУИ во седиштето во Мала Речица, лидерот Али Ахмети изјави дека нема одговор со кого ќе бидат во коалиција и ги анализираат сите опции за да ја донесат најдобрата одлука во корист на сите граѓани на Македонија.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, претходно изјави дека важно е одлуката да биде правилна, а не навремена.

На полноќ истекува рокот за мандатарот Никола Груевски да состави влада и дотогаш треба да го добие одговорот од првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. дали партијата ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Србија и Унгарија ќе му предложат на регионот да се приклучи кон изградбата на брза пруга

Србија и Унгарија ќе ги поканат Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Турција да се приклучат кон изградбата на брзата железница во регионот, која за почеток ќе ги поврзува...
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
udemy free download
download redmi firmware
Download Nulled WordPress Themes
udemy paid course free download