fbpx

Османи: Евроинтеграции и прифаќање на платформата, ако не – предвремени избори

-

„Без прифаќање на платформата на трите албански партии за статусот на Албанците во Македонија и без јасна определба за евроинтеграциите, тешко би се направила влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Исто така, се настојува во неа да не влезат функционерите кои се под истрага“, порача вчера Бујар Османи во емисијата „200“ на телевизијата „Алсат-М“, мислејќи на случаите што ги отвори СЈО.

– Останаа уште три-четири дена, но сметајте дека платформата е услов без кој не се може, албанскиот јазик е услов без кој не се може и конкретно прецизирање на патот на интеграции е услов без кој не се може со која било политичка партија која може да направи влада или, ако не, ќе одиме на предвремени избори – рече Османи.

Османи во неделата, во интервју за „Гласот на Америка“ на албански јазик, порача дека мора да се почитува правилото за влада помеѓу победниците на изборите од македонскиот и од албанскиот плитички блок и наведе дека во Македонија се врши притисок за непочитување на Мајскиот договор и принципот според кој „победникот кај албанската заедница го избира партнерот победник кај македонската заедница“.

Прашан дали, доколку ДУИ успее да договори влада со ВМРО-ДПМНЕ, максимално ќе инсистира фигурите кои се под истрага да не бидат дел од извршната власт, Османи одговори: „Мислам да“.

– Јас реков дека сè е можно. Можеби ќе се донесе одлука која ќе го прекрши начелото. Јас знам, ние знаеме дека последиците по прекршувањето на начелото ќе бидат многу тешки за Албанците. По другите изборни циклуси, не можам да кажам која одлука ќе доминира за време на овие анализи – рече Османи.

Повеќе високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се под истрага, меѓу кои и лидерот на партијата, Никола Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...