Централниот одбор на СДСМ почна да заседава во седиштето на партијата, каде што се очекува членството на партијата да го избере претседателот Зоран Заев за мандатар за состав на новата влада.

Неофицијално, на состанокот ќе се разгледува единствено оваа точка.

Синоќа, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, информираше дека партијата ќе му ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но дека тие потписи не значат дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ.