fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Седуммина со симптоми се тестираат за корона вирусот, најголем дел повратници од странство

Седум нови пациенти од Тетово, Кичево, Штип, Куманово и од Охрид кои денеска се јавиле со симптоми на покачена телесна температура се тестирани за корона вирус и во текот на денот ќе ги соопштиме резултатите, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој најави примена на нови заклучоци и мерки кои биле договорени со директорите на скопските клиники, како и...

Шест нови заболени со корона вирус, се затвараат гранични премини, се забранува работата на кафулињата и обложувалниците

Шест нови пациенти се позитивни на корона вирус, со што вкупната бројка на заболени се искачи на 19 лица, сосе првата пациентка која веќе е излечена, информира вечерва на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Како реакција на ваквите случувања владата воведува построги мерки за заштита на населението што вклучува затворање на гранични премини, забрана за работа на кафетерии,...

Спасовски: Лидерите на верските заедници ме уверија дека ќе ги почитуваат препораките

Техничкиот премиер Оливер Спасовски најави средба со лидерите на сите верски заедници во државата, на која ќе се разговара за заштитата на верниците од корона вирусот, со оглед на тоа дека во верските објекти тие се наоѓаат на мала дистанца со што се ставаат во ризик да заболат. - Разговарав поединечно со лидерите на сите верски заедници, ме уверија дека...

Спасовски до Дебарчани: Верувајте, прогласувањето на кризна состојба е најдоброто решение

Бидете уверени дека ова е најдоброто решение. Ова е решение кое најбргу ќе даде резултат. Ве молам, да не се создава поголема паника. Воспоставен е организиран систем кој ќе ги покрие сите аспекти, им порача техничкиот премиер Оливер Спасовски на жителите на Дебар и Центар Жупа каде од вчера е прогласена кризна состојба поради 11 регистрирани случаи на заболени...

Со пари од ЕБОР ќе се изработува Студија за реструктурирање на автобускиот превоз во Скопје

По одлуката на македонската влада за поддршка на проектот за воведување на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека ќе го поддржи Градот Скопје во овој проект преку издвојување на средства од подигнатиот кредит за изработка на Студија за реструктурирање на јавниот автобуски превоз во Скопје. „Целта на оваа задача е да...

Вкупниот број на заболени од корона вирусот во Македонија достигна 13, најголем дел се од Дебар

Денеска во земјава се регистрирани четворица нови заболени со корона вирусот со што вкупната бројка на регистрирани заболени во Македонија достигна 13, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Сите четворица се од регионот на Дебар и се поврзани со брачната двојка кај која вирусот беше откриен на 6 март по нивното враќање од Италија. На жената од брачната двојка...

Македонија забрани влез на жители од земјите со висок ризик од корона вирусот (инфографик)

Кина, Италија, Иран, Јужна Кореја, Франција, Шпанија и Германија. Ова се моментално земјите со висок ризик за пренесување на корона вирусот, според најновата листа надополнета денеска од Министерството за здравство. Владата воведе забрана за влез на територијата на Македонија на странски државјани од овие земји со висок ризик. Исклучок се оние странски државјани кои ќе достават потврда издадена од...

Бозовце: Заборавено од локалните власти, селото забрзано се празни (видео)

Длабоко во пазувите на Шар планина, на околу еден час возење по тесен кривулест асфалтен пат од центарот на Тетово, сместено е селото Бозовце. Но, иако оддалечени едвај дваесетина километри од градот, жителите на ова типично планинско село се чувствуваат како отсечени од нормалниот живот на урбаниот дел на тетовската општина. https://youtu.be/6sKTPOVQ19s Во селото нема работа, многу луѓе се иселија и...

Само чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС ќе трае од 15 до 18 месеци

До крајот на март ќе се знае која компанија ќе го чисти линданот од ОХИС. Во моментов во тек е финалната фаза од евалуацијата на понудите кои пристигнаа на тендерот. Комисијата веќе имала средби во седиштето на Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО во Виена, а во текот на месецот ќе биде објавена и одлуката која од...

Филипче предлага радикални мерки: Затворање на театри, кина, теретани и скратено работно време на кафулињата (инфографик)

На тројца од вкупно деветтемина пациенти со корона вирус на Клиниката за инфективни болести од синоќа лесно им се влошила состојбата и дишат поотежнато. Тројцата имаат над 65 години, но, како што информира министерот за здравство Венко Филипче, „засега не им е потребна респираторна поддршка“. Во меѓувреме, министерот посочи дека за корона вирусот се тестира уште еден пациент кој утрово...

ЕСМ изработува проект за проширување на парно греењето во населбата Железара

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го склучија договорот за изработка на основен проект за проширување на топловодниот систем кон скопската населба Железара. Во овој дел од Скопје ќе се проширува бројот на корисници на централното греење откако минатата година беше пуштена во употреба новата когенеративна гасна електрана „КОГЕЛ“ во кругот на скопската железарница. Со овој енергетски капацитет, за една...

Филипче: Не ги распуштивме школите за децата да ги полнат парковите и игротеките

Две нови лица се заразени со корона вирус, кои биле соседи на тројцата пациенти од Дебар и кои биле во чести контакти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција. Тој информира дека сите други нивни роднини кои живеат во истата куќа не се заболени од вирусот. - Заболените ќе останат во изолација и лекување во домашни услови. Нивната здравствена...

Дванаесет нови лица се тестираат дали имаат корона вирус

На Клиниката за инфективни болести има седум пациенти со корона вирус и сите се со стабилна состојба и со лесна клиничка слика. Во моментов се тестираат 12 пациенти, двајца на Клиниката кои имале знаци за грип, а и двајцата патувале во Италија и дошле овде пред пет дена, информира министерот за здравство, Венко Филипче. - Осум други лица од Дебар...

Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди издадени од училиштата

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките на Владата што беа донесени вчера за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), информираат оттаму. - Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави...

Поголем број лекари, помал број болнички постели во „пресрет“ на корона вирусот

Може ли македонскиот здравствен систем да одговори на појава на епидемија од корона вирусот и навреме да им пружи нега на поголем број заболени граѓани е дилема која заслужува анализа, посебно ако се земе предвид како се развива состојбата во Италија, земја која е во своевиден целосен карантин поради замавот на оваа болест. Имено,европските медиуми пренесуваат дека италијанските болници се...

ДКСК: Двосмислени и непрецизни закони оставаат широк простор за коруптивно однесување

Лошо формулирани законски одредби, закони напишани со неразбирлив јазик или со некохерентна правна техника, непрецизни и нејасни законски одредби овозможуваат законот различно да се толкува и оставаат широка можност за коруптивно однесување во примена на законите, нагласува Државната комисија за спречување корупција(ДКСК). Една од надлежностите на Комисијата е антикорупциска проверка на сите предлог-закони, но и на приоритетни важечки закони. Прелиминарната...

До 2040 година ќе ни требаат 1,5 милијарди евра за енергетска ефикасност на зградите (инфографик)

На Македонија ќе ѝ бидат потребни минимум 1,5 милијарди евра до 2040 година за реконструкција на постојните станбени, комерцијални и јавни објекти за спроведување на мерките за енергетска ефикасност, укажува најновата „Стратегија за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година“. Во Стратегијата се наведени три сценарија за периодот до 2040 година - референтно, умерена транзиција и зелено,...

До крајот на годинава ќе се акредитира државната лабораторија што го мери аерозагадувањето

Министерството за животна средина деновиве потпиша договор со Еуромак-контрол ДОО Скопје за подготовка на документација за започнување на процесот за акредитација на Централната лабораторија која постои во рамките на Министерството, а која досега не беше акредитирана за методи на испитување на квалитетот на воздухот. Избраната фирма, има обврска во рок од пет месеци да ја изготви потребната документација за акредитирање...

Распуст до 25 март за градинките, школите и факултетите и нови, построги мерки против ширењето на корона вирусот

Утрово имавме состанок на Комисијата за заразни болести, на кој беа предложени дополнителни мерки во врска со проблемот со корона вирусот, особено по првиот случај на локална трансмисија, откако тројцата луѓе кои биле во контакт со лицата од Дебар, беа позитивни, а кои сега се сместени на Клиниката за инфективни болести, информира пред малку министерот за здравство Венко Филипче. -...

Kлуч на врата за сите градинки, училишта и факултети во следните 14 дена

Комисијата за заразни болести предлага затворање на сите училишта, градинки и факултети во државата во следните две недели, по состанокот кој го одржаа денеска со министерот Венко Филипче. Тој сега ќе го достави предлогот до Владата, која ќе донесе конечна одлука во текот на денот. „Комисијата за заразни болести ги заострува мерките и ги упатува сите основни, средни и високообразовни...