fbpx

Поголем број лекари, помал број болнички постели во „пресрет“ на корона вирусот

-

Може ли македонскиот здравствен систем да одговори на појава на епидемија од корона вирусот и навреме да им пружи нега на поголем број заболени граѓани е дилема која заслужува анализа, посебно ако се земе предвид како се развива состојбата во Италија, земја која е во своевиден целосен карантин поради замавот на оваа болест.

Имено,европските медиуми пренесуваат дека италијанските болници се соочуваат со недостиг од капацитет односно дека им недостасуваат доволно болнички кревети за да ги сместат заболените од вирусот кои имаат потешки симптоми.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека заклучно со 2018 година во нашата држава имало 8.754 болнички постели, што е намалување во однос на претходните години. Бројот на лекари, пак, се зголемил од 6.035 во 2014 година на 6.329 во 2018 година.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека домашните капацитети се целосно подготвени. Тој рече дека на клиниката за инфективни болести има услови и дека ги има потребните респираторни машини, иако досега ниеден пациент немал таква клиничка манифестација, за да мора тие да се употребат.

Според него, подготвеноста е на високо ниво, посебно и со оглед на тоа дека клиниката има направено план како да се справи со сето тоа.

Со цел да го спречи ширењето на вирусот, Владата вчера усвои 19 мерки и активности со кои се засилува борбата против оваа болест.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...