fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Се испитува можноста за зголемување на брзината и безбедноста на пругата Скопје – Кичево

Министерството за транспорт и врски со средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) ја испитува потребата за подобрување на состојбата на железничката инфраструктура на потегот од Скопје до Кичево на паневропскиот Коридор 8. Во моментов се изработува пред-физибилити студија, како прв од документите што ќе следат во функција на зголемување на брзината и подобрување на безбедноста во согласност...

Четиригодишно девојче од Штип со корона вирус

До 16 часот денеска дијагностицирани се шест нови пациенти заболени со корона вирус. Едно од заболените лица е четиригодишно девојче од Штип, кое се инфицирало во градинка во Англија, информираат во Министерството за здравство (МЗ). - Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало...

Седум новозаболени од корона вирус, четворица се од Скопје, вкупниот број е 42 лица

Со ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираат во Министерството за здравство. „Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се седум лица, три од Дебар и четворица од Скопје. Со ова, вкупната бројка...

Пендаровски прогласи вонредна состојба: Ситуацијата е сложена, мoра да се држиме заедно

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска прогласи вонредна состојба откако од Собранието го доби предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба. Таа ќе трае 30 дена, период во кој Владата до претседателот ќе треба да поднесе извештај од донесените мерки за заштита против корона вирусот, дневно да информираат за активностите и плановите за постапување. – Ја потпишав одлуката за прогласување...

Филипче: Бројот на заболени сега е 35, се прават анализи на уште 30 лица

До 12 часот денеска, вкупната бројка на заболени лица со корона вирус во земјава е 35, иформира на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Доцна синоќа биле изработени резултатите на четворица пациенти кои се позитивни, а биле во врска со четворицата лица од Дебар кај кои вчера беше дијагностициран вирусот. - Сите новодијагностицирани се со лесна клиничка слика, а стабилна...

Владата предлага вонредна состојба во целата држава, Спасовски апелира на одговорно однесување

Техничкиот премиер Оливер Спасовски пред малку соопшти дека на последната владина седница било одлучено да се предложи прогласување вонредна состојба во државата, за справување со корона вирусот. Тој неколку пати во своето обраќање кон граѓаните повтори дека секој мора многу одговорно да се однесува. - Ова што ни се случува е вонредна ситуација која бара вонредна состојба. Немаме повеќе ни...

Не се знае колку точно возила секојдневно влегуваат во Скопје од другите општини

Скопските градски власти немаат прецизен податок за бројот на возила кои дневно влегуваат во Скопје, а се од другите градови. Последен документ што ја определил оваа бројка е Студијата на ИДОМ изработена во 2012 година, во која се вели дека во македонскиот главен град дневно влегуваат околу 30.000 автомобили од другите општини. Ваквите податоци можат да се искористат во...

Корона вирусот ја враќа Македонската берза во 2019 година

Рекорден пад на вредноста има кај македонскиот берзански индекс МБИ10 во изминативе десетина дена поради појавата на корона вирусот. Денеска индексот падна под границата од 3.800 индексни поени, а на 5 март изнесуваше 4.997 индексни поени. Податоците на берзата покажуваат дека последен пат вредноста на МБИ10 била под границата од 4.000 индексни поени во август, минатата година. Во спречување на континуираното...

Зелениот енергетски развој е вистинското сценарио за граѓанските организации

Фактот дека Стратегијата за енергетика има поставено рокови за затворање на термоелектраните на јаглен ТЕЦ Осломеј до 2019 и ТЕЦ Битола до 2025, како и јасни цели за зголемување на уделот на енергијата од обновливи извори, е еден од најважните делови на овој документ за невладиниот сектор. Започнувањето на административните процедури за изградба на 120 мегаватни соларни термоелектрани во...

Д-р Арбен Аголи: Позитивни сме, а немавме никакви симптоми освен благата малаксаност на мојот колега

Кога забележав дека мојот колега доктор, со кого работиме заедно во педијатриската ординација, чувствува малаксаност, побарав и инсистирав да направиме сите вработени тест за корона вирус. Тестовите се позитивни - вели за „Мета.мк“ д-р Арбен Аголи од Дебар, кој на својот фејсбук профил информира дека тој и неговите соработници се позитивни на корона вирусот. Го прашавме како се чувствува...

Авион од Брисел со македонски државјани слетал во Скопје, сите со симптоми одат веднаш на тестирање

Патниците во авионот кој слетал во Скопје од Брисел, а кои имаат симптоми на грип ќе бидат однесени на Клиниката за инфективни болести да бидат тестирани ковид-19, додека другите ќе чекаат на аеродромот додека не стасаат резултатите, информира вечерва на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. - На аеродромот во Скопје слета авион од Брисел со наши државјани. Тие што...

Двајца доктори и две медицински сестри од Дебар заразени со корона вирус

Бидејќи персоналот е позитивен на корона вирус, од утре амбулантата во Дебар е под карантин. Ова на својот профил на Фејсбук го објави д-р Арбен Аголи, доктор педијатар од Дебар. Информацијата ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче, кој на својот профил на Фејсбук напиша дека станува збор за двајца доктори и две медицински сестри. „Попладнево на корона вирус...

Короната го запре уништувањето на винил хлоридот од ОХИС

Коронавирусот го одложи преточувањето и транспортот на опасниот и високозапалив винил хлорид, кој сè уште се наоѓа во дворот на некогашниот хемиски гигант ОХИС. Мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид 19, кои ги презема нашата, но и повеќе европски држави, освен на винил хлоридот, го одложија и последниот транспорт на остатокот од другите десет опасни хемикалии кои...

Филипче: Очекуваме за еден месец да има околу 2.000 заразени

За околу еден месец, го очекуваме пикот на корона вирусот кога очекуваме дека бројката на заболени ќе се искачи на 2.000 лица, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Тој информира дека во моментов бројката е 26 заболени лица. - Состојбата на пациентите е стабилна, вклучително и состојбата на пациентката која е на респираторна машина, нема знаци за...

Петмина нови пациенти со корона вирус, се затвора скопскиот аеродром

Има пет нови случаи позитивни на корона вирусот, a за уште двајца тестирани во клиниката „Жан Митрев“ се чека потврда во лабораторијата на Инситутот за јавно здравје во текот на утрешниот ден, информира вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Со ова, вкупната бројка на заболени во моментов се искачи на 23 пациенти. Неговиот колега, министерот за надворешни работи Никола Димитров,...

Вандализирана планинарска патека на Водно, од Градот велат – ако го знаете виновникот, пријавете го

Уништени маркации за безбедно движење по планинарските патеки на Водно осамнаа пред неколку дена на најпосетеното рекреативно сврталиште на Скопјани. Според информациите кои „Мета.мк“ ги доби од планинари-посетители на Водно, а потоа и од увид на лице место, се работи за намерно уништување на обележјата, извршено од помала група маунтин-бајкери, кои сметаат дека имаат ексклузивно право да ги користат....

Нема нови заболени со корона вирусот, првата пациентка е пуштена од болница

Новорегистрирани случаи на заболени со корона вирусот нема од саботата, но се тестираат седум пациенти со симптоми на обичен грип, од кои тројца се од Дебар, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче додавајќи дека двајца од пациентите кои денеска се тестираат се вратиле од патување во Австрија и во Германија. Тој посочи дека првата пациентка кај која...

Повеќе да произведуваме, помалку да увезуваме струја, еден од приоритетите на Стратегијата за енергетика до 2040

Големата зависност на Македонија од увоз на електрична енергија, што зафаќа околу 30 отсто од вкупните потреби на пазарот, се очекува во наредните години постепено да се намалува, што ќе значи стимул за економијата. Главен предуслов за тоа е зголемувањето на производството на струја од домашни извори, како и инвестирање во нови капацитети, пред се, од обновливи извори на...

Железницата заглавена во минатото – поволностите за патување со воз ретко се обновуваат

Владата секоја година дели субвенции за одржување на патничкиот железнички сообраќај, а Железници на РСМ - Транспорт не успева да привлече поголем број на патници во возовите. Лани со македонските возови патувале само 549.000 патници, што е еден од најлошите резултати во функционирањето на патничкиот железнички сообраќај во нашата земја. Математичката пресметка покажува дека во 2019 година со еден...

Седумтемина што беа тестирани денеска не се заболени од корона вирусот

Резултатите на седумтемина пациенти кои претпладнево се тестираа, се негативни на корона вирус, информираат од Министерството за здравство. Оттаму велат дека тестираните пациенти се од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, Кочани, а вклучително и две трудници од Дебар. - На пациентот од Кочани два пати му е направено тестирање, и првиот и вториот пат резултатот е негтивен. Тесот е направен два...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...