fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Во изолација децата на родители што биле на симпозиум со „корона директорката“

Тројца ученици од основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле, а чии родители биле на симпозиумот со директорката на Клиниката за кожни болести заразена со корона вирус, од денеска се во изолација. Информацијата за „Мета.мк“ ја потврди градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Уште два ученика од ОУ „Братство и единство“ се во изолација. - Однесувањето на директорката е безобразно и неодговорно....

Во изолација 64 вработени на Клиниката за кожно, директорката ќе биде разрешена после изборите

Иако ги спроведовме сите мерки на претпазливост, ова со што се соочивме денеска, е нешто што нè разочара. Ќе се преземат мерки за директорката на Клиниката за кожни болести, во првата следна можност ќе биде разрешена од функцијата, а тоа е по изборите, бидејќи сега формално-правно не може, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој најави дека клиниката ќе...

Малезија сè уште не дала дозвола за влез на згурата од велешката Топилница

Малезија сè уште не дала дозвола на нејзина територија да се увезе отпадот од Топилницата од Велес. Во таа земја во тек е шестмесечен мониторинг на сите договори од овој тип, откако на почетокот на годината беше забранет секаков увоз на отпад. Тоа е причина што транспортот на минералната техногена суровина од троската сè уште не започнал, иако подготвителните...

Сопружниците од Дебар со корона вирус од Италија се возеле со 40 патници кои се симнале и во Скопје и во Куманово

Имаме два нови случаи позитивни со корона вирусот, тоа се двајца сопружници на 62 и на 68 годишна возраст кои овде стигнале на 27 минатиот месец од Северна Италија, информира министерот за здравство Венко Филипче. - После влезот во земјава, од автобусот патници се симнале во Куманово, во Скопје и во Дебар. Сопружниците немале никакви симптоми, но на 2 март...

Двајца странски државјани во Скопје со симптоми на корона

Две лица, странски државјани, едното од Австралија и другото од Сингапур, сместени во хотел во Скопје, ги информирале здравствените власти во земјава дека веќе три дена имаат симптоми на настинка. Во процедура е утврдувањето дали станува збор за корона вирус или не, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. - Епидемиолози веќе разговараат со нив, земени им се...

Со странска помош ќе се изработуваат подзаконските акти за енергетска ефикасност

По донесувањето на Законот за енергетска ефикасност во текот на февруари, се постави прашањето што ќе се случува со подзаконските акти, за чие усвојување на Министерството за економија му е оставен рок од 3 до 9 месеци од денот на влегувањето во сила на новиот закон. Најдоцна за 6 месеци, ова министерство ќе треба да го усвои Правилникот за...

Од вкупно 1,8 милиони тони згура на црниот рид на велешка Топилница, само стотина тони заминале за Малезија

Само стотина тони, како пробни количини суровина, од црниот рид згура од велешката Топилница се транспортирани во Малезија. Компанијата „Кепс монт груп“ сè уште не започнала со редовен транспорт на остатоците во јаловиштето, а општинските власти во Велес немаат информации каде е застојот. Концесионерот во октомври минатата година ја доби Б-интегрираната еколошка дозвола, која беше последната препрека да започне...

Низ старите цевки и со дивите приклучоци губиме една третина од водата за пиење во Скопје (инфографик)

Околу една третина од вкупните количества вода за пиење што во 2018 година влегле во цевките од скопскиот водоводен систем се фактурирани како губитоци на вода, покажува Годишниот извештај од работењето на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Во водоводниот систем на главниот град исчезнале 34.158.252 метри кубни вода, што е повеќе од вкупните количества вода што на годишно...

„Го сакам Водно“ до Шилегов: Нема да дозволиме парите за пошумување да одат за „разубавување“

Град Скопје за годинава најавува пошумување на Водно со парите кои ги доби од Македонски енергетски ресурси - МЕР како компензација за уништеното зеленило поради изградбата на гасоводот преку парк-шумата и од Владата доби обврска да го спроведе. Сепак, оттаму не прецизираат ниту кога ќе почне пошумувањето ниту пак колку точно дрвја и на кои локации ќе се садат. Но,...

Шилегов: Инверторите стартуваат наскоро, аплицирањето или електронски или по стандардна процедура  

Град Скопје привршува со подготовките околу објавувањето на огласот за субвенционирање на граѓаните за купување на инвертори како замена за нееколошките начини на загревање на домаќинствата, но нема прецизна информација кога конечно ќе заврши постапката. „При крај сме со постапката за огласот за инверторите. Потребно е да се усогласиме уште само со Министерството за информатичко општество околу нивното барање да...

Бахамите и Бермудите повторно меѓу најголемите инвеститори во земјава (инфографик)

Егзотичните карипски острови Бахами и Бермуди се најдоа на листата пет најголеми странски инвеститори во земјава во текот на минатата година, покажуваат податоците на Народната банка. На првото место е Турција од каде што лани во земјава биле инвестирани 52,4 милиони евра, а веднаш зад неа, на второто место, се Бахамите со инвестирани 45,6 милиони евра. На третото место е Германија...

Стопанствениците бараат да се забрза изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Доколку не може да се забрзаат подготовките и процесот на изградба на автопатот Скопје - Блаце, тогаш барем да се испочитува ветениот рок од 2023 година за пуштање во употреба на делницата долга 12,5 километри. Ваков е ставот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во однос на актуелните рокови за изградба на овој автопат до крајот на 2024 година. -...

ЕУ бара романските железници да ѝ ги вратат 570-те милиони евра помош

Европската Комисија (ЕК) ѝ нареди на романската влада да си ги поврати назад 570 - те милиони евра помош дадени на државното железничко претпријатие за товарен сообраќај „CFR Marfa“, пишува бугарскиот медиум „Капитал“. Од ЕК сметаат дека станува збор за незаконска помош што ѝ е дадена на државната компанија во периодот од над една деценија наназад преку отписи на...

Преполовени странските инвестици: Лани влегле само 326 милиони евра

Вкупните странски директни инвестиции во земјава во текот на минатата година изнесувале 326,3 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Во 2019 година има значително намалување на странските инвестиции во однос на претходната година кога странските инвеститори во земјава вложиле 624 милиони евра. Од вкупната сума странски директни инвестиции лани 219,9 милиони евра се нето-приливи по сопственички капитал, 101,8...

Трошиме малку гас и затоа скапо го плаќаме

Пазарот на природен гас во државава беше и остана недоволно развиен со мала потрошувачка и мал број на активни трговци и снабдувачи. Тоа е така, иако е целосно либерализиран уште од 2015 година, што значи цените се формираат слободно на пазарот од страна на учесниците. Според Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), во 2019 година има 4 субјекти кои увезуваат...

Железницата лани со мал пораст во товарниот превоз, реформите чекаат нова влада (инфографик)

Железници на РСМ - Транспорт лани остварила минимален пораст на обемот на превезена стока во товарниот сообраќај, но каминскиот превоз и понатаму доминира во транспортот на стоки во нашата земја. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека со воз биле транспортирани 1.840.000 тони стока, додека со камиони во 2019 година биле превезени 69.395.000 тони. Во однос на остварените „тонски...

Како Гетеборг помина низ „вратата на пеколот“ и стана европски еколошки лидер

Веќе трета година едноподруго, Гетеборг, вториот по големина шведски град, се прогласува за најодржлив во светот. Шведска е веќе глобален лидер во движењето на одржливиот туризам во светот, а Гетеборг е прогласен за европска престолнина на паметниот туризам за 2020 година, пишува српски „Блиц“, пренесувајќи го Би-Би-Си. Поранешниот пристанишен и индустриски град, не беше отсекогаш толку еколошки свесен. Тоа се...

Македонија е првата земја од Западен Балкан која планира укинување на употребата на јаглен

Македонската влада на почетокот на февруари ја одобри Стратегијата за енергетски развој до 2040 година и со тоа стана првата земја од Западен Балкан која го разгледува укинувањето на користењето на јагленот пред 2030 година, соопшти невладината организација „Бенквоч“(Bankwatch). Две сценарија од оваа Стратегија предвидуваат укинување на употребата на јаглен до 2025 година, додека третото го одложува затворањето на термоцентралата...

Возачот на комбето од Италија сигнализирал дека има симптоми на корона вирус

Возачот на комбето кој превезувал патници, а во кое беше пациентката со корона вирус, денеска сигнализирал дека има кашлица и болки во градите, по што е спроведен е во соба за изолација во Струмица, информира на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. - Земени се материјали за анализа и тие во следните часови ќе бидат изработени. Тој уште првично е...

Короната го одложи и протестот против загадувањето на Балканот

Протестите под заеднички наслов „Балкан бара чист воздух“ кои требаше да се одржат денес во Скопје и во осум други градови на Балканот, се одлагаат до завршетокот на епидемијата на корона вирусот или на нивно место ќе бидат одржани еко-перформанси. - Јавните собири се одложуваат како мерка на претпазливост за да не претставуваат потенцијална опасност по здравјето на граѓаните -...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...