fbpx

Преполовени странските инвестици: Лани влегле само 326 милиони евра

-

Вкупните странски директни инвестиции во земјава во текот на минатата година изнесувале 326,3 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Во 2019 година има значително намалување на странските инвестиции во однос на претходната година кога странските инвеститори во земјава вложиле 624 милиони евра.

Од вкупната сума странски директни инвестиции лани 219,9 милиони евра се нето-приливи по сопственички капитал, 101,8 милиони евра се нето приливи по реинвестирана добивка и 4,5 милиони евра по должнички инструменти.

Речиси повеќе од половина од вкупните директни инвестиции односно 193,7 милиони  евра влегле во земјава во текот на четвртото тромесечје од 2019 година.

Од Народната банка објаснуваат дека податоците за трансакциите на странските директни инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти.

Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските од и кон поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субејкти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...