fbpx

Со странска помош ќе се изработуваат подзаконските акти за енергетска ефикасност

-

По донесувањето на Законот за енергетска ефикасност во текот на февруари, се постави прашањето што ќе се случува со подзаконските акти, за чие усвојување на Министерството за економија му е оставен рок од 3 до 9 месеци од денот на влегувањето во сила на новиот закон. Најдоцна за 6 месеци, ова министерство ќе треба да го усвои Правилникот за енергетска контрола на згради и Правилникот за енергетски карактеристики на згради.

Покрај овие два најзначајни правилника, подзаконските акти опфаќаат донесување на уште девет дополнителни правилници и два тарифници што треба да бидат изработени и усвоени за најмногу 9 месеци од денот на стапувањето на сила на Законот за енергетска ефикасност.

Од Министерството за економија за „Мета.мк“ велат дека изработката на обемните подзаконски акти ќе се реализираат со странска помош. Донаторски состанок за координација на техничка помош бил одржан во ноември 2019 година, додека еден месец подоцна до Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) испратиле допис за консултантска поддршка во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност за пакетот подзаконски акти за згради. За вториот пакет акти во делот на енергетските контроли кај големите трговци, техничка помош ќе се бара од УНИДО, додека со помош на УСАИД ќе се изработува подзаконската регулатива за означување на потрошувачката на енергија.

– Веќе е обезбедена техничка помош од ГИЗ за изработка на Правилникот за МВП, и Националниот план за енергија и клима и од ХАБИТАТ за изработка на Типологијата на згради – велат за „Мета.мк“ од Министерството за економија.

Експертите веќе нагласија дека актуелните правилници се нецелосни, барем по два основи. Како прво, кај објектите во земјава тие единствено ја „мерат“ потрошувачката на енергија за греење и надомест на енергија за инфилтрација на воздух и природна вентилација во просториите. Како второ, во моментот кога биле изготвени правилниците, тие единствено ги обработиле станбените згради, иако има уште седум – осум типа на други објекти.

– Не може станбената зграда да ја изедначиме со училиште кое осум часа работи, не работи за време на распусти и во саботи и недели. Училиштето пак не можеме да го изедначиме со болница, која работи целодневно и во зима и во лето, а неопходно е цело тоа време да се загрева или лади – изјави за „Мета.мк“ експертот по енергетска ефикасност Петар Николовски во декември минатата година.

Во согласност со Законот за енергетска ефикасност, во период од 9 месеци по неговото стапување во сила, Македонија треба да има целосно изготвени подзаконски акти кои ќе соодветствуваат на Европската регулатива во делот на енергетската ефикасност. Новиот Закон стапи на сила на 18 февруари, што значи дека подзаконските акти треба да бидат изработени до крајот на 2020 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...