fbpx

Во изолација 64 вработени на Клиниката за кожно, директорката ќе биде разрешена после изборите

-

Иако ги спроведовме сите мерки на претпазливост, ова со што се соочивме денеска, е нешто што нè разочара. Ќе се преземат мерки за директорката на Клиниката за кожни болести, во првата следна можност ќе биде разрешена од функцијата, а тоа е по изборите, бидејќи сега формално-правно не може, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој најави дека клиниката ќе биде затворена во следните 14 дена.

– Одговорност ќе има за секој кој нема да се придржува до пропишаните мерки. На сите на кои им е препишана мерка домашна самоизолација, да внимаваат на мерките кои ги повторуваме веќе неколку недели. Загрозувањето на јавното здравје е сериозен прекршок. Во врска со новиот случај заболен од корона вирус, апелирам информации се црпат изворно од Министерството за здравство зашто има лажни информации кои креираат паника кај луѓето. Не треба да се користи ситуацијата дневно политички да се поентира. После сместувањето на директорката на Инфективна, уште двајца членови на нејзиното семејсто се во домашна изолација. За сите оние со кои директорката била во комуникација на растојание од еден метар и околу 15 минути, ќе бидат преземени мерки – рече министерот.

Тој исто така информира дека со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, ќе одат во домашна изолација 64 вработени на клиниката.

– Во домашна изолација одат и 11 пациенти кои биле хоспитализирани на клиниката како и други 13 кои оделе во дневна болница. Иако се сите со различен степен на ризик, овие мерки беше неопходно да се преземат, дури и за оние кои имале и најкраток контакт со неа. Пред неколку дена имало и конференција на која била директорката заедно со 103 лица, дел од нив вработени на клиниката. Тие беа исконтактирани, дадена е мерка домашна изолација. Имало и тројца луѓе од Грција, за што го известив грчкиот министер за здравство – рече министерот.

Тој рече дека во исто време, се испитуваат уште осуммина пациенти.

– Еден е со симптоми на грип, на 26 минатиот месец бил во Бугарија, таму развил симптоми и тој и неговата сопруга. Еден патник имаме од Сингапур кој е наш државјанин, а кој се вратил во земјава. Четворицата други се кои биле во контакт со пациентите хосиптализирани од Дебар и еден е од Гевгелија. Штом ќе имаме резултати, ќе информираме – додаде Филипче.

На конгресот во Скопје биле доктори од штипското одделение за кожни болести, па поради тоа одделението ќе биде затворено. Министерот рече дека засега има доволно капацитет да се примат пациенти на лекување.

– Капацитетите во Велес, Штип, во Гостивар и во Демир Капија се подготвени. Немаме најава дека треба да дојде некоја голема сомнителна група или дека некој од група има симптоми за да се ангажираат капацитетите, но подготвени сме да ги активираме ако се појави потреба – рече Филипче.

Утре тој ќе има состанок со членовите на Комисијата за заразни болести. Рече дека никаде не се забранети патувања освен во црвените зони во Северна Италија.

– Во однос на препораките, уште на самиот почеток излеговме со мерка дека треба човек кој патувал во ризичен регион, да остане дома 14 дена. Директорката на клиниката ќе биде рарешена, а другите институции понатаму ќе бараат одговорност. Ова што се случи денеска е нешто кое јас и мојот тим, со кој работиме по 24 часа посветено, најмалку го очекувавме – додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...