fbpx

Во изолација децата на родители што биле на симпозиум со „корона директорката“

-

Тројца ученици од основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле, а чии родители биле на симпозиумот со директорката на Клиниката за кожни болести заразена со корона вирус, од денеска се во изолација. Информацијата за „Мета.мк“ ја потврди градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Уште два ученика од ОУ „Братство и единство“ се во изолација.

– Однесувањето на директорката е безобразно и неодговорно. Вчера кога излезе информацијата за неа, имав многу оправдани реакции од родители бидејќи оние кои контактирале со неа, не знаеле дека таа е заразена. И родители на деца кои биле во „Рагуза“, се виделе со неа таму. Но, според препораките, и да не бил долготраен контактот со неа, пак треба да се оди во изолација. Затоа децата од денеска се дома. Паниката си го прави своето, иако познато е дека вториот степен на пренос спаѓа во низок ризик. Не постои човек кога му рекле да не паничи, прекинал да паничи, посебно кога се работи за негово дете – вели Богоев.

Тој формирал комисија уште пред две недели, составена од различни претставници на сектори, кои на дневна основна следат ситуацијата во градинките и училиштата. Направена е дезинфекција во сите објекти, а истото го направил и економскиот оператор кој ги работи кујните, со што Богоев тврди дека нивото на хигиена езголемено.

– За тоа, дали ќе има или ќе нема настава од утре натаму, денеска ќе има финална одлука на Влада, која ќе ја знаеме сите во текот на денот – додаде градоначалникот.

Според најавите, за подоцна во денот е закажана заедничка прес-конференција на министрите Венко Филипче и Арбер Адеми.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека во моментов министерот  Венко Филипче е на состанок со Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот. Состанокот се одржува во проширен состав, а присуствуваат и искусни експерти од различни области.

„На средбата се дискутираат и евентуални нови засилени мерки за заштита на населениото и превенција од понатамошно ширење на вирусот кои Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата. Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес конференција веднаш по завршувањето на седницата. Министерството за здравство информира и дека, по информацијата добиена од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, здравствената состојба на сите седум пациенти кои се позитивни на корона вирусот и се хоспитализирани на клиниката е стабилна“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...