fbpx

Дванаесет нови лица се тестираат дали имаат корона вирус

-

На Клиниката за инфективни болести има седум пациенти со корона вирус и сите се со стабилна состојба и со лесна клиничка слика. Во моментов се тестираат 12 пациенти, двајца на Клиниката кои имале знаци за грип, а и двајцата патувале во Италија и дошле овде пред пет дена, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

– Осум други лица од Дебар кои се соседи на двајцата сопружници, а кои биле во интензивни контакти со нив, исто така се тестираат. Освен нив, се тестираат уште двајца, едниот во Штип е со знаци за грип кој бил во Италија и уште еден пациент од Прилеп. Сите тестови се работат во исто време, за два часа сите реултати ќе бидат готови и ќе информираме – рече Филипче.

Тој нагласи неколку нешта во однос на препораките кои Владата вчера ги усвои.

– Отсуството кон работодавецот работникот го регулира со потврда на име на родителот, со назнака за времето за да се оправда отсуството. Во однос на прекинот на работата на дневните центри за лицата со попреченост, истиве правила важат и за родителите на деца и лица кои користат услуга во центрите за попреченост. И тие ќе добијат потврда дека се корисници на таа услуга. За двајца родители кои работат во ист сектор – ако има ваков случај, едниот ќе биде ослободен од работа и самохраните родители треба да се ослободени од работа. Овие мерки напоменувам, важат и за приватен и за државен сектор и непочитување ќе биде казнето согласно Кривичниот законик – истакна Филипче.

Тој информира дека тестови во овој момент има доволно, но ќе се набават и резерви. Истото важи и за другата опрема, односно ќе бидат набавени респираторни машини и мобилни рентген апарати.

– На граничните премини полицајците ја спроведуват солидно работата со прашалникот Засега нема целосно затворање на границите, а и за тоа немаме ниту препорака од Светската здравствена организација. Утре ќе имаме состанок со директорите на сите клиники, на кој ќе утврдиме дали неитните пациенти може да се презакажат откако ќе заврши важењето на овие мерки Ако има потреба ќе контактирам и со матичните лекари, за да се обезбеди што им е потребно, маски ракавици, средства за дезинфекција – додаде министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...