fbpx

Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди издадени од училиштата

-

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките на Владата што беа донесени вчера за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), информираат оттаму.

– Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 – потенцираат во МТСП.

Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој се однесува.

Истите ќе треба да се достават до секторот за управување со човечки ресурси или раководителот/директорот на институцијата/компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата.

– Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, укажуваме дека ослободувањето од работни активности на родители на деца/лица со попреченост е проширено на родители на деца и млади и над 10 годишна возраст. Родителите е потребно по истиот принцип наведен погоре да достават потврда дека лицето е корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост. Уште еднаш апелираме до сите граѓани да се придржуваат до препораките, само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме заедничкото здравје – велат во министерството.

Владата на последната седница вчера, усвои вкупно 27 мерки, заклучоци и препораки со цел заштита и ширење на вирусот. Нема настава во траење од 14 дена, а на еден родител на дете до 10 години му е дозволено да отсуствува од работа за да го чува детето дома. Властите препорачаа да не се користи овој период за да се носат децата во игротеки.Забранети се и посетите на секаков вид курсеви, тренинзи или други воннаставни активности кои ги имале децата.

Платите на отсутните родители ќе бидат исплатени во стопроцентен износ од страна на работодавачот, бидејќи, како што објасни вчера на брифинг со уредниците министерката Мила Царовска, работникот не отсуствува по своја вина од работното место.

Физичките и правните лица што нема да ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките, ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...