fbpx

Kлуч на врата за сите градинки, училишта и факултети во следните 14 дена

-

Комисијата за заразни болести предлага затворање на сите училишта, градинки и факултети во државата во следните две недели, по состанокот кој го одржаа денеска со министерот Венко Филипче. Тој сега ќе го достави предлогот до Владата, која ќе донесе конечна одлука во текот на денот.

„Комисијата за заразни болести ги заострува мерките и ги упатува сите основни, средни и високообразовни институции како и детските градинки да запрат со одвивање на наставно-воспитниот процес во теј на наредните 14 дена. Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на држава, а спортските настани да се одвиваат без публика. Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави“, наведено е во заклучоците на комисијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...