fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

За едно деноноќие 101 нов случај на Ковид-19, можно затворање на одредени општини

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат во Министерството за здравство. Најголем број од новозаразените се во Скопје - 59 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализиран на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (75г) примен на 24...

Студијата изработена, владата на потег за одлука за преструктурирање на железницата

Италијанската консултантска куќа „Pricewaterhouse Coopers Advisory S.r.l“ ја изработи Студијата за бизнис сегментација на Железници на РСМ - Транспорт, во која се понудени моделите за идно преструктурирање на државното железничко транспортно претпријатие во земјава, потврдија за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Консултантите изработиле неколку сценарија за преструктурирање на Железница - Транспорт, но засега нема одлука за понатамошните чекори. -...

Со буџетскиот ребаланс не се скратија парите за изградба на пругата кон Бугарија

Со ребалансот на буџетот за 2020 година се скратија средства од над 12 милиони евра што беа предвидени годинава да се инвестираат во железничката инфраструктура во земјава. Пандемијата со корона вирусот и неопходноста за намалување на буџетските расходи како резултат на забавените економски активности придонесоа првично планираните 43 милиони евра да се намалат на 30,6 милиони евра, колку што...

Филипче: Игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои не помага никому

Игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои не помага никому. Оние кои се одговорни и кои доследно се придржуваат на мерките треба да се пример за сите останати. Рестрикциите се непожелни и ќе ги избегнеме само ако се однесуваме дисциплинирано, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче откако соопшти дека се регистрирани 67 новозаболени од Ковид-19,...

Заштитата на парк-шумата Водно заглави во процедурите

Иако пред две години беше најавен како приоритетен, законот за Водно не е изготвен. Според последната Студија за ревалоризација на парк-шумата, заштитата на ова подрачје е предвидена да биде од ниска категорија. Тоа значи дека Водно, наместо со закон ќе може да се заштити со одлука на Владата. Оваа Студија минатиот месец пристигнала во Министерството за животна средина и просторно...

Денеска 89 новозаболени и 7 починати – ќе има ли нов полициски час и карантин за Штип, Чаир, Гази Баба и Сарај?

Нема друг излез од ситуацијава освен повторно да се воведе полициски час и да се затворат општините во кои бројот на заразени со ковид-19 е голем, смета епидемиологот Александар Стојанов, коментирајќи ја бројката од 89 новозаразени и седуммина починати лица за само едно деноноќие. Тој вели дека државата презела сè што презедоа и останатите власти во развиените држави, но...

Ковид-19 може да го одложи донесувањето на подзаконските акти за енергетска ефикасност

По донесувањето на Законот за енергетска ефикасност во февруари годинава, државава се соочува со предизвикот за почитување на законските рокови за донесување на сите подзаконски акти за енергетска ефикасност во услови на пандемија на корона вирусот. Правилниците и тарифниците се поделени во три пакети, кои треба да овозможат практична имплементација на мерките за енергетска ефикасност во наредниот период и...

Со блокирани сметки годинава ја почнале 108.200 граѓани и фирми

Вкупно 108.200 граѓани и фирми имале блокирани сметки на крајот од минатата година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Станува збор за 231.900 трансакциски сметки кои граѓаните и фирмите ги поседуваат во различни банки, што е 5,85 отсто од вкупните трансакциски сметки во државата. Од нив, 191.300 блокирани сметки им припаѓаат на 80.600 физички лица, при што се забележува умерен пад...

Магдоносот во Велес „богат“ со олово и кадмиум

Лиснатиот зеленчук, а особено магдоносот во Велес има најголема концентрација на тешки метали. Истражувањата на почвата, спроведени во 2019 и 2018 година покажуваат дека зеленчукот што го консумираат велешани содржи со 1,5 пати поголема концентрација олово од дозволената и 2,5 пати поголема концентрација кадмиум. Загадувањето е резултат на огромните количини тешки метали, кои сè уште стојат на отворено покрај...

Една третина од средношколките не разговараат за сексуално-репродуктивниот период

Триесет отсто од средношколките не разговараат за сексуално-репродуктивниот период, 35 отсто не знаат што претставува овој период, а 55 отсто немаат соодветни услови на училиште за да можат да менаџираат со своето менструално здравје. Ова го покажала анкетата спроведена од граѓанската организација „Новинари за човекови права“. Резултатите беа презентирани денеска на настанот кој се одржа на платото во трговскиот...

„Макпетрол“: Подготвени сме да ја потпишеме спогодбата со што ќе се реши прашањето со „ГА-МА“

„Макпетрол“ АД Скопје ги донесе сите соодветни одлуки и е подготвен да пристапи кон потпишување на спогодбата со што ќе се реши прашањето со ГА-МА, се вели во одговорот на компанијата во врска со текстот на „Мета.мк“, под наслов „Недовршениот договор помеѓу Владата и Макпетрол за „ГА-МА“ може да предизвика проблеми во гасификацијата“. Од компанијата додаваат дека со тоа во...

Недовршениот договор помеѓу Владата и Макпетрол за „ГА-МА“ може да предизвика проблеми во гасификацијата

Иако Владата уште на 19 декември ја усвои Одлуката за одобрување на средства од буџетот за 2019 година за купување на делот на „ГА-МА“ АД Скопје, законската обврска за раздвојување на дејностите, и превземањето на акциите уште не е реализирана бидејќи сè уште не е финализиран договорот помеѓу Владата и „Макпетрол“, кој треба да го продаде својот дел. „Во ваква...

Лекциите за животна средина мора да станат приоритет во македонското образование

Младите мора повеќе да учат за климатските промени, да знаат што е одржлив развој и на кој начин ќе треба да се справат со еколошките предизвици, кои со децении се едни од најголемите закани за планетата Земја. Зајакнувањето на образованието за животната средина во постоечките наставни програми во основното и средното образование во земјава, треба да создаде еколошки освестени...

Студентите ќе бидат под строг надзор за време на онлајн полагањето испити на ФИНКИ

Студентите во државата повеќе од два месеци следат настава онлајн. Во овој период се прават подготовки за колоквиумската недела, а факултетските раководства и професорите се подготвуваат за полагање испити на далечина, онаму каде што природата на студиите го дозволува тоа. Се чини дека најподготвен за овој подвиг очекувано е Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), кој освен...

Владата ги затвори каменоломите во Лабуништа

Владата на Република Северна Македонија еднострано ги раскина договорите за пет концесии за каменоломи во околината на струшкото село Лабуништа, информираше на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши. Како што информираше министерот, овие концесии се одземени со цел да се заштити здравјето на локалното население, но и да се заштити животната средина во овие региони. „Оваа одлука е едно ветување...

За 1.000 денари зголемени ратите за отплата на потрошувачките, а за 1.400 денари кај станбените кредити

Се зголемува бројот на граѓани кои се задолжуваат кај банките за да ги рефинансираат кредитите и при тоа запаѓаат во уште поголеми долгови. Најдобар показател за тоа е што кај потрошувачките кредити, просечната месечна рата за отплата се зголемила за 21 отсто или за речиси 1.000 денари, додека кај станбените кредити овој раст изнесува 8,8 отсто или речиси 1.400...

Обврската за ремедијација на почвата и подземните води во ОХИС е на државата

Целосна ремедијација на почвата, но и на подземните води мора да се направи на речиси десетици илјади квадратни метри површина која му припаѓа на некогашниот хемиски гигант ОХИС. Обврската е на државата, која сè уште е сопственик на земјиштето. Децениското несоодветно складирање на десетици опасни хемикалии, последица од работата на фабриката, придонесува за катастрофално загадување на околината кое влијае директно...

Секој трет заболен од Ковид-19 нема симптоми – колку се вкупно „невидливите сејачи“ на болеста? (инфографик)

Од околу 2.000 до сега регистрирани заболени со Ковид-19 во земјава, дури 32,3 отсто воопшто немаат симптоми, но можат да ја пренесуваат болеста. Според дневниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) две третини од асипмтоматските случаи (75%) „имале контакт со веќе потврден случај во државата“. Се поставува прашањето, ако секој трет од регистрираните заболени воопшто нема симптоми тогаш колкав...

Транспортот со негативни резултати во првиот квартал, короната ги поштеди само товарните возови

Уште при првиот удар на пандемијата на корона вирусот и ограниченото движење на населението, македонскиот транспорт забележа пад кај бројот на превезени патници и стоки. Државниот завод за статистика во првиот квартал од 2020 година регистрирал 1.215.000 превезени патници во патниот патнички превоз, 93.000 патници во железничкиот сообраќај, 429.869 патници во воздухопловниот превоз и 18.330.000 патници во градско-приградскиот превоз. Споредено...

Во новиот буџет помалку пари за инвестиции во железницата и за заштита на животната средина

Забележително намалување на парите за заштита на животната средина, за инвестиции во железничката инфраструктура и воопшто за капитални инвестици се предвидува со ребалансот на буџетот за 2020 година, кој го објави Министерството за финансии. Капитални расходи се намалени за 4,2 милијарди денари или околу 68 милиони евра во однос на првичниот план за 2020 година и тие сега се сведени...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...